Секој ја доживува болка на различен начин, но сите би се согласиле дека болката е непријатна и со различен интензитет. Повеќето пациенти со хронична болка се жалат дека болката обично се засилува навечер. Истражувањата сè уште немаат конкретен заклучок зошто e тоа така и постојат многу причини за тоа. Можеби преку ден нашето внимание е насочено кон дневните активности, како телефонски повици, работни состаноци, обврски, итн. Надворешните дразби го одвлекуваат вниманието од болката. Кога ќе се смириме ноќе, мозокот има тенденција да се фокусира на она за кое сè уште не сме се погрижиле, а тоа е болката. Тогаш се чини дека поинтензивно ја доживуваме болката, а всушност таа едноставно доаѓа во прв план.

Прочитајте исто така Пецкање во забите може да биде сериозен знак

Други фактори кои можат да влијаат на перцепцијата за болка

Промена на температура
Промената на температурата, може да влијае на тоа како го доживуваме интензитетот на болката. Нервните влакна кои испраќаат сигнали до мозокот, дали ни е топло или студено, се истите нервни влакна кои ги пренесуваат и дразбите за болка. Ноќите обично се постудени, што може да влијае на перцепцијата на болка. Доколку нервните влакна се оштетени (на пример, во случај на повреда), мозокот може да ја интерпретира секоја промена на температурата како зголемена чувствителност, пецкање, како и блага или дури и остра болка. Пониските температури го намалуваат срцевиот ритам и циркулацијата на крвта. Ова води до натрупување на метаболити, меѓу кои СО2, при што капиларите се шират и притискаат на соседното ткиво и нервните завршетоци, поради што се зголемува чувствителноста на болка.

Одмор
Кај некои хронични дегенеративни нарушувања на зглобовите, одмор или ноќен сон може да предизвика дополнителна болка. Причините сè уште не се јасни, но веројатно е дека ако зглобот остане во мирување подолго време, поврзувањата на зглобовите стануваат заситени со зглобна течност и други распадни продукти. Течноста секогаш останува во зглобот, а се отстранува за време на движење; ноќе движењето се намалува, што доведува до вкочанети зглобови и како резултат на тоа се јавува болка. Лежењето и притисокот врз одреден дел од телото може да предизвика болка и кај други мускулно-скелетни нарушувања, на пример при воспаление на малите ќесички полни со течност (бурзитис) во рамото.

Вирусно заболување
Кај некои вирусни заболувања, на пример херпес зостер, па дури и настинка, пациентите велат дека болката обично се влошува ноќе. Тоа може да биде предизвикано од зголемена количина на невротрансмитери (кои се вклучени во пренесување на нервните дразби) и хормони вклучени во откривање на болка. Обично, луѓето се повеќе загрижени ноќе, што исто така ја зголемува перцепцијата за болка.

Што може да направите за да си помогнете себеси

Нарушувањето на сонот поради ноќна болка доведува до замор и лошо расположение, поради што болката да ја доживуваме уште поинтензивно во текот на денот.

Оттргнување на фокусот од болката може да биде корисно, иако ова е возможно единствено во текот на денот и доколку болката не е премногу силна.

За да ја ублажите благата до умрена ноќна болка, треба да земете лек против болка со долготрајно дејство. Ова ќе ви овозможи соодветно спиење и одмор за полесно да закрепнете. Доколку се соочувате со силна ноќна болка веднаш консултирајте се со лекар.

Прочитајте исто така Зошто е важно навреме да ѝ кажете НЕ на болката

Можеби преку ден нашето внимание е насочено кон дневните активности, како телефонски повици, работни состаноци, обврски, итн.

Зошто болката е посилна ноќе?

Оттргнување на фокусот од болката може да биде корисно, иако ова е возможно единствено во текот на денот и доколку болката не е премногу силна.

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.