За да се ослободите од болката треба да изберете ефикасен лек, односно лек со долготрајно дејство и помалку несакани ефекти кој најдобро би било не само да ја ублажи болката, туку и да ја отстрани причината за истата.

Дали треба да ја намалите болката или да ја отстраните причината?

Достапни се повеќе лекови за болка со различен механизам на дејство. Некои од нив ефикасно ја намалуваат болката, но не ја третираат причината. Нестероидните анти-инфламаторни лекови, во кои спаѓа и напроксен, имаат повеќе ефекти – ја ублажуваат болката, имаат против-воспалително дејство, ја намалуваат телесната температура и го спречуваат згрутчувањето на крвта. Бидејќи тие го спречуваат формирањето на простагландини (соединенија одговорни за воспаление и болка), исто така ја елиминираат и причината за болка во случај на воспаление.

Важно е да го земате лекот доволно долго или додека не се смири воспалението. Ако престанете да го земате лекот кога вашата состојба малку ќе се подобри, тоа е како да го гаснете пламенот без да ја извадите жарта која може повторно да го активира огнот. Болката може повторно да се појави доколку престанете да го земате лекот.

Прочитајте исто така Што претставуваат нестероидни анти-инфламаторни лекови?

Краткотрајно и долготрајно дејство

Кај одредени типови на болка, на пример главоболка, сите сакаме лекот брзо да дејствува. Кога лекот ќе делува и главоболката ќе исчезне, веројатно нема повторно да се појави неколку часа откако дејството на лекот ќе помине. Соодветни можности за третман се нестероидни анти-инфламаторни лекови со брз почеток на дејство. Другите типови на болка, како болка во грбот, болка при повреда или менструална болка, вообичаено траат подолго, па најдобро е да земете лек кој има долготрајно дејство за да се избегне честото дозирање.

Напроксен има противвоспалително, брзо и долготрајно дејство, што се едни од неговите предности во однос на другите нестероидни антиинфламаторни лекови или парацетамол.

Важно е да го земате лекот доволно долго или додека не се смири воспалението.

Важноста на противвоспалителното дејство

Напроксен има противвоспалително, брзо и долготрајно дејство, што се едни од неговите предности во однос на другите нестероидни антиинфламаторни лекови или парацетамол.

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.