Кој тип на болка може да се третира со Налгесин С?
Како се зема Налгесин С?
Налгесин С може да го земаат возрасни и деца на возраст над 12 години. Вообичаената доза е 1 таблета на секои 8-12 часа. Доколку болката е силна, третманот може да започне со 2 таблети одеднаш или во период од еден час. Не смеете да земете повеќе од 3 таблети на ден.
Кога да земете Налгесин С?
Важно е НАВРЕМЕ да земете Налгесин С, за да спречите болката да стане премногу силна.
Што го прави Налгесин С поразличен од другите лекови против болка?
Следната табела содржи споредба на активни супстанции содржани во различни лекови против болка. Податоците се однесуваат на вообичаена доза.
Напроксен натриум (275 mg) Налгесин С |
Ибупрофен (400 mg) |
Ацетилсалицилна киселина (500 mg) |
Парацетамол (500 mg) |
||
Времетраење на дејство |
8–12 часа |
4–6 часа |
6–8 часа |
4–6 часа |
|
Кој може да го зема лекот | Возрасни и деца на возраст над 12 години | Возрасни и деца на возраст над 12 години | Возрасни и деца на возраст над 12 години | Возрасни и деца на возраст над 12 години | Деца на возраст од 6 до 12 години |
Дозирање |
1 таблета за 8-12 часа, првата доза може двојно да се зголеми (2 таблети земени одеднаш или со едночасовен интервал) |
½–1 таблета на 4–6 часа |
1–2 таблети на 4–8 часа |
1–2 таблети, најмалку 4 часа помеѓу дози |
½–1 таблета, најмалку 4 часа помеѓу дози |
Максимална дневна доза |
3 таблети
|
3 таблети
|
8 таблети
|
8 таблети
|
4 таблети
|
Фреквенција на дозирање на ден |
2–3 x |
3 x |
3–6 x |
4–6 x |
4–6 x |
Противвоспалително дејство |
Каде можете да го набавите Налгесин С?
Налгесин С е достапен во пакувања кои содржат 10 и 20 таблети и може да се купат во сите аптеки.
Често поставувани прашања
Налгесин С е одличен за ослободување од главоболка, забоболка, менструална болка, болки во мускулите и зглобовите, болка во грбот и болка за време на грип и настинка. Неговото противвоспалително дејство ефикасно ги ублажува и благите ревматски состојби.
Налгесин С е наменет за лекување на блага до умерена акутна соматска болка. Во случај на сериозна болка или доколку болката трае повеќе од 3 дена или потекнува од внатрешните органи, ве советуваме да посетите лекар.
Налгесин С припаѓа на групата на нестеродини анти-инфламаторни лекови (НСАИЛ).
Има аналгетско и противвоспалително дејство, а исто така помага да се намали покачената телесна температура. Повеќе информации можете да најдете тука.
Налгесин С припаѓа на групата на нестеродини анти-инфламаторни лекови (НСАИЛ).
Има аналгетско и противвоспалително дејство, а исто така помага да се намали покачената телесна температура.
Налгесин С има долготрајно дејство, кое трае 8-12 часа, и притоа овозможува мирен сон без болка. Ако мислите дека ќе чувствувате болка и во текот на ноќта (на пр. болка во грбот, болки во зглобовите, менструална болка, забоболка), задолжително земете Налгесин С пред да спиете.
Налгесин С брзо и ефикасно ја намалува главоболката. Исто така, спречува и намалува благи до умерени форми на мигрена, иако треба да го земете кога ќе се појават првите знаци на мигрена. Повеќе информации можете да најдете тука.
Ако го одложите земањето на лекот премногу долго, ризикувате болката да стане посилна и потешка за справување. Затоа е важно да земете Налгесин С НАВРЕМЕ за да ја намалите болката пред да стане премногу силна. Повеќе информации можете да најдете тука.
Една таблета е вообичаена доза. Првата доза може двојно да се зголеми; може да земете две таблети одеднаш или втората таблета еден час по првата.
Налгесин С има долготрајно дејство, па можеби ќе треба да го земете повторно во текот на следните 8-12 часа. Кај пациенти постари од 65 години се препорачува да се користи еднаш на секои 12 часа. Не смеете да земете повеќе од 3 таблети на ден.
Повеќе информации можете да најдете тука.
Ако сте бремени или доите, консултирајте се со вашиот лекар пред да земете било каков лек. Налгесин С не се препорачува во последните три месеци од бременоста. Не се препорачува за време на доење, доколку се одлучите да го земете, ве советуваме да прекинете со доењето.
Налгесин С може да го земаат возрасни и деца на возраст над 12 години. Неговата употреба се препорачува кај девојчиња со менструална болка и менструални грчеви.
Налгесин С може да го земаат деца на возраст над 12 години.
Во споредба со другите ОТЦ аналгетици, Налгесин С има долготрајно дејство, кое трае 8 до 12 часа, што овозможува обезболување со помал број на таблети во текот на денот. Повеќе информации можете да најдете тука.
Интеракцијата со други лекови може да резултира со зголемено или намалено дејство на Налгесин С или на другите лекови.
Ова се случува со:
- други аналгетици,
- лекови за спречување на коагулација на крв,
- лекови за лекување на дијабетес,
- лекови за лекување на епилепсија,
- лекови за третирање на покачен крвен притисок,
- лекови кои го зголемуваат количеството на урина,
- лекови за лекување на ментални нарушувања,
- лекови кои го инхибираат имунолошкиот одговор,
- лекови за лекување на малигни заболувања.
Поради интеракции, не се препорачува истовремена употреба на Налгесин С со други аналгетици.
Налгесин С е наменет за лекување на блага до умерена акутна соматска болка. Во случај на силна болка, употребата на поголеми дози не се препорачува. Ве советуваме да посетите лекар.
Како и секој друг лек, Налгесин С може да биде проследен со некасани дејства, најчесто оние кои влијаат на дигестивниот тракт и бубрезите. Фреквенцијата на несакани дејства зависи од дозата. Доколку сакате да го намалите овој ризик, користете најмали дози во најкраток временски период.
Налгесин С припаѓа на групата на нестероидни антиинфламаторни аналгетици, кои не дејствуваат како седативи и имаат многу ниско ниво на зависност.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.