Генерално болката е акутна по природа и исчезнува по 2 до 3 недели.

Секој се соочил со болка во грбот најмалку еднаш во својот живот, иако и болката во вратот не e помалку честа.

Околу 8 од 10 луѓе имале болка во грбот барем еднаш во својот живот.

Најчесто не е предизвикана од болест, туку од лоши навики (лошо држење на телото, нагли движења, стрес, итн.). Најчесто се влошува бидејќи не ја сфаќаме доволно сериозно.

‘Рбетната болка поретко станува хронична, т.е. не трае повеќе од 3 месеци.

Болката во грбот најчесто е предизвикана од лоши движења и стрес

Болките во грбот може да потекнуваат од различни структури во 'рбетниот столб: мускулите, тетивите, лигаментите, зглобовите, коските, перистоумот, интервертебралните дискови или нервните структури.

Акутната болка најчесто се јавува поради оштетување при подигнување на тешки предмети или ненадејно лошо движење. Често е предизвикана од стрес, што може да доведе до напнатост во мускулите на грбот, што ја предизвикува или ја влошува болката во грбот.

Лоши навики кои може да ја влошат болката во грбот

несоодветно држење на телото

несоодветно држење на телото

гојазност

гојазност

користење на ниски, меки седишта

користење на ниски, меки седишта

подигнување на тешки предмети

подигнување на тешки предмети

седење, лежење или возење подолго време

седење, лежење или возење подолго време

Хроничната болка во грбот често е предизвикана од дегенеративни промени во 'рбетот, прикажани како промени во малите зглобови на пршлените и на интервертебралните дискови.

Главната причина за оштетување на интервертебралните дискови е предвремено стареење. Овие промени се појавуваат порано или подоцна кај секого, и се повеќе или помалку изразени и може да предизвикаат проблеми.

Што можете да сторите доколку страдате од болка во грбот

редовна физичка активност

Редовна физичка активност може да биде корисна, како пешачење или пливање, како и вежби за релаксирање и зајакнување на грбните мускули.

одморот може да биде корисен само кога болката е силна

Одморот може да биде корисен само кога болката е силна, но не кога болката е блага.

топли и студени облоги

Топли и студени облоги.

масажата

Масажата има терапевтски ефект, како и вежби за истегнување и зацврстување на мускулите.

protibolečinska zdravila

Доколку почувствувате болка која предизвикува изнемоштеност, не заборавајте да ги земете лековите против болка и практикувајте ја колку можете повеќе вашата редовна физичка активност. Ова ќе ви помогне за да не изгубите од вашата мускулна маса, како и да ги зацврстите грбните мускули.

силна болка

Доколку почувствувате силна болка, која не поминува по една или две недели, треба да разговарате со вашиот лекар. Ова важи и за случаи кога ќе почувствувате болка по пад, удар или сообраќајна несреќа и во случај да почнете да губите чувство на допир во нозете и имате помала сила во мускулите на нозете.

Налгесин С е вистинско решение при болка во грбот

Непотребно е да страдате од краткотрајна болка во грбот, а тоа да има негативен ефект врз вашиот живот. Земете Налгесин С и навреме справете се со болката. Ова ќе ја намали можноста подоцна да имате потреба од поголема доза.

брзо ја намалува болката

Налгесин С содржи напроксен (во форма на натриумова сол), кој брзо се раствора и брзо ја намалува болката.

долготрајно дејство

Налгесин С има долготрајно дејство, што значи дека е доволно да земете еднаш на секои 8 или 12 часа. Ова е важно кога имате болка во мускулите, бидејќи во овој случај терапијата обично е подолга. Долготрајното дејство на Налгесин С овозможува мирен сон без болка во текот на ноќта.

противвоспалително дејство

Исто така има и противвоспалително дејство.

Вообичаената доза е 1 таблета на секои 8-12 часа. Во случај на посилна болка, може да земете 2 таблети Налгесин С одеднаш или втората таблета еден час по првата. По 8-12 часа земете уште 1 таблета.

Повеќе информации за Налгесин С можете да најдете тука.

Налгесин С

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.