Напорите за олеснување на болката веројатно датираат уште од почетокот на човештвото. На крајот на 19-тиот век, Феликс Хофман ја синтетизирал ацетилсалицилната киселина (аспирин), како прв нестероиден анти-инфламаторен лек за третман на воспаление и болка кај ревматски заболувања, за ублажување на менструална болка и при покачена температура. Во 20-тиот век биле развиени повеќе активни супстанции, слични на салицилатите, наречени нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). Целта беше уште поефикасно да се намали болката со што е можно помалку несакани дејства. Ова доведе до развој на напроксен натриум.
Дали сите нестероидни антиинфламаторни лекови се исти?
Кога ве боли и сте одлучиле да земете лек против болка, сакате тој да има брз почеток на дејство и што е можно помалку несакани дејства.
Нестероидните анти-инфламаторни лекови се разликуваат едни од други во однос на безбедноста и почетокот на дејство. Поради несакани дејства на дигестивниот систем, аспиринот (најстариот НСАИЛ) повеќе не се препорачува за намалување на болка и денес се препорачува единствено за спречување на кардиоваскуларни компликации. Заменет е со понови и побезбедни лекови кои имаат помалку несакани дејства и долготрајно дејство.Налгесин С има брз почеток на дејство. Содржи напроксен во форма на натриумова сол која брзо се раствора. Друга позитивна особина на напроксен е неговиот долг полуживот, што значи неговото дејство трае од 8 до 12 часа. Вообичаена доза е две таблети дневно. Како и сите лекови, НСАИЛ имаат несакани дејства, најчесто во дигестивниот систем - пациентите често имаат чувство на тежина во желудникот, но поретко се јавуваат посериозни компликации како чир, крварење или перфорација на гастроинтестиналниот ѕид. Во последните години постојат извештаи кои укажуваат на можни кардиоваскуларни компликации, но тие се поретки кога станува збор за напроксен споредено со другите НСАИЛ.
Прочитајте исто така Како Налгесин С се разликува од другите лекови против болка
Истовремено земање на различни аналгетици
Особено е важно да не земате различни аналгетици во исто време без да се советувате со лекар. Одредени комбинации се дозволени (на пример, парацетамол и НСАИЛ), додека други може да бидат и опасни (на пример, два различни НСАИЛ). Лекарите забележале дека некои пациенти земаат еден лек за главоболка, друг за болка во грбот, можеби и во истиот ден, при тоа не сфаќајќи го ризикот од таквата употреба.
Многу е подобро едноставно да земете еден лек против болка кој ефикасно ја намалува болката и може да се употребува при различни проблеми. Таков “универзален” аналгетик е напроксен. Доколку сакате истовремено да земате неколку различни лекови, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Нестероидните анти-инфламаторни лекови се разликуваат едни од други во однос на безбедноста и почетокот на дејство.
Особено е важно да не земате различни аналгетици во исто време без да се советувате со лекар.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.