Мускулната болка е честа, најчесто безопасна состојба.

Причините за мускулна болка се различни:

лошо држење на телото

Лошо држење на телото кое води до слаба циркулација и слаб доток на кислород до мускулите (болката најчесто е ограничена на одредени мускули или делови од телото);

премногу притисок врз мускулот

Премногу притисок врз мускулот, што предизвикува мускулното ткиво да се скине;

вирусни инфекции

Вирусни инфекции како што е грипот, кој исто така може да биде проследен со болки во зглобовите;

одредени болести кои се придружени со мускулна болка, вкочанетост и намалена подвижност.

Што можете да сторите

избегнувајте ја таа активност

Доколку мускулната болка е причинета од зголемена физичка активност, одредено време избегнувајте ја таа активност.

масирајте го болното место

Масирајте го болното место со мраз или гел за разладување, или преврзете. Геловите за разладување и други масти можат да се нанесат единствено на неоштетена кожа.

истегнување

Кога болката ќе исчезне, се препорачува истегнување, тоа ќе го олесни заздравувањето и ќе го обнови оштетеното ткиво.

Кога ќе ги отстраните причините кои предизвикуваат болка, мускулната болка обично исчезнува, затоа не треба да одите на лекар. Посетете лекар доколку болката трае неколку дена, доколку е силна или во случај да не можете да ја најдете причината.

Налгесин С е вистинско решение против мускулна болка

Доколку чувствувате силна мускулна болка, не треба да ја толерирате. Земете Налгесин С и отстранете ја болката навреме. Ова ќе ја намали можноста подоцна да ви е потребна поголема доза. Налгесин С брзо ја намалува болката.

брзо ја намалува болката

Налгесин С содржи напроксен (во форма на натриумова сол), кој брзо се раствора и брзо ја намалува болката.

долготрајно дејство

Налгесин С има долготрајно дејство, што значи дека е доволно да земете еднаш на секои 8 или 12 часа. Ова е важно кога имате болка во мускулите, бидејќи во овој случај терапијата обично е подолга. Долготрајното дејство на Налгесин С овозможува мирен сон без болка во текот на ноќта.

противвоспалително дејство

Исто така има и противвоспалително дејство.

Вообичаената доза е 1 таблета на секои 8-12 часа. Во случај на посилна болка, може да земете 2 таблети Налгесин С одеднаш или втората таблета еден час по првата. По 8-12 часа земете уште 1 таблета.

Повеќе информации за Налгесин С можете да најдете тука.

Налгесин С

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.