Менструацијата исто така може да биде пропратена со главоболка, гадење или дијареа.
- Дисменореа, исто така позната како менструални грчеви или менструална болка е најчест проблем поврзан со женските репродуктивни органи.
- Иако до 90% од жените се соочуваат со овој проблем, повеќето од нив не бараат медицинска помош. Интензитетот на менструалната болка има тенденција да се намалува со возраста.
Простагландините се главна причина за менструална болка
За време на нормален менструален циклус, нивото на одредени природни супстанции (на пример, простагландини) се зголемува, што доведува до болка.
Простагландините ги стеснуваат крвните садови во матката, предизвикувајќи нивно намалување. Протокот на кислород и хранливи материи исто така е намален, што резултира со зголемена контракција на матката, што на крајот води до болка. Покаченото ниво на простагландини, исто така, ја зголемува чувствителноста на нервните завршетоци, што влијае на чувството на болка.
Совети како да ја намалите менструалната болка
1.
Вежбањето и истегнувањето го зголемуваат протокот на крв и помагаат да се ослободат хормони на среќа, а исто така помага во намалувањето на интензитетот на менструалните грчеви.
2.
Топлите перничиња помагаат во намалување на менструалните грчеви и болка, а исто така ја подобруваат циркулацијата.
3.
Одредени видови вежби, како што се јога и медитација, или масажа или акупунктура, можат да помогнат во намалувањето на менструалната болка.
4.
Одреден вид на храна богата со витамини Е, B1, B6 и магнезиум може да го намали времетраењето и интензитетот на менструалната болка.
5.
Исто така, храната со ниска содржина на масти може да има позитивно влијание врз времетраењето и интензитетот на менструалната болка.
Налгесин С е вистинско решение при менструална болка
Нема потреба да страдате поради менструалните болки или да дозволите да влијаат на вашите секојдневни активности. Навреме справете се со болката, додека не станала премногу силна. На тој начин би се намалила потребата подоцна да земете посилна доза.
Вообичаената доза е 1 таблета на секои 8-12 часа. Во случај на посилна болка, може да земете 2 таблети Налгесин С одеднаш или втората таблета еден час по првата. По 8-12 часа земете уште 1 таблета.
Повеќе информации за Налгесин С можете да најдете тука.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.