Човекот отсекогаш ја доживувал болката како нешто непријатно, обидувајќи се да најде начини ефикасно да ја намали. Важно е навреме да се лекува, кога и со помали дози можете брзо и ефикасно да се справите со болката. Развојот на науката ни овозможи многу лекови со помош на кои можете да ѝ кажете НЕ на болката.

Доколку не ја намалите болката, дури и откако таа ја исполнила својата примарна биолошка функција (повеќе не сигнализира предупредување против некоја болест што се развива во телото или не штити од надворешни дразби), постои ризик таа да стане посилна и потешка. Некои луѓе веруваат дека интензитетот на болката ќе им овозможи да дознаат колку е лоша нивната состојба, па затоа претпочитаат да не земаат никаков лек и да страдаат непотребно. Доколку болката може да се намали, треба да направите сè што е во ваша моќ да го постигнете тоа. Доколку причината не може да се отстрани, ќе треба да се справите со болката. Повеќето лекови против болка целосно ја елиминираат умерената болка, но делумно се ефикасни против тешка болка; тие имаат тенденција да ја направат тешката болка поподнослива додека да најдеме соодветно решение. Болката и покрај земањето на лекови ја задржува својата функција, сигнализира опасност или болест значително подобрувајќи го квалитетот на животот.

Прочитајте исто така Како подобро да ја разберете болката

Доколку веднаш не се ослободите од болката, ризикувате таа да стане хронична. Во овој случај болката ја губи својата биолошка заштитна функција и сама по себе станува болест, која треба да се третира како и секоја друга. Третманот е сложен и има негативно влијание врз пациентот.

Доколку болката може да се намали, треба да направите сè што е во ваша моќ да го постигнете тоа. Доколку причината не може да се отстрани, ќе треба да се справите со болката.

Зошто е важно навреме да ѝ кажете НЕ на болката

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.