Решението е соодветно да го идентификувате видот на главоболка со која се соочувате.
Главоболката е една од 10 најчести причини поради кои пациентите одат на посета кај својот матичен лекар. Се проценува дека повеќе од 90% од пациентите се соочуваат со главоболка во текот на нивниот живот.
Најчеста од главоболките е тензиската главоболка.
Бидејќи оваа состојба е обично блага до умерена, луѓето генерално не се жалат. Најновите истражувања покажуваат дека влијанието на тензиската главоболка врз работниот капацитет е дури и поголемо од она на мигрената.
За среќа, овој проблем има едноставно решение, бидејќи не претставува сериозна состојба.
Лековите против болка или промените во животниот стил може да ви помогнат да ја надминете оваа состојба. Експертите обично советуваат одмор и пиење многу течности.
7 факти за тензиска главоболка
1.
Во Словенија, во секој момент повеќе од 40% од населението страда од тензиска главоболка.
2.
Оваа состојба е три пати почеста од мигрена.
3.
Предизвикана е од притисок во главата и мускулите на вратот.
4.
30-39
Најчесто ги погодува луѓето помеѓу 30 и 39 годишна возраст.
5.
обична
главоболка
Поради тоа што е честа и повторувачка, тензиската главоболка исто така се нарекува честа или обична главоболка.
6.
секој
месец
Најголемиот дел од луѓето се соочуваат со 1-2 главоболки месечно, или уште почесто кога се изложени на стрес.
7.
За разлика од мигрената, тензиската главоболка е нешто почеста кај жените отколку кај мажите.
Причини за
тензиска главоболка
Тензиската главоболка може да биде предизвикана од различни типови на храна, активност или други стрес фактори кои придонесуваат за притисок во главата или мускулите на вратот.
Лошо држење на телото, особено поради долгите работни часови на компјутер или по долго возење.
Конзумирање на алкохол, замор во очите, замор, пушење и емоционален стрес.
Како да направите разлика помеѓу тензиска главоболка и мигрена
- Тензиската главоболка се јавува на двете страни и трае од неколку минути до неколку дена.
- Се чувствувате како да имате тесна капа или лента околу вашата глава, или чувствувате дека имате тежина во главата.
- Не е придружена со гадење и повраќање.
- Може да биде придружена со чувствителност на светлина или звук, иако никогаш не и двете во исто време.
- Умереното движење не ја влошува болката.
Повеќе информации за мигрената тука.
4 совети пред да земете лек против болка
- Практикувајте разни вежби за релаксација или масажа со цел да се релаксирате и да го намалите притисокот во главата.
- Уживајте во подолги периоди на одмор.
- Пијте повеќе течности.
- Избегнувајте ги факторите кои може да придонесат за главоболка (на пример стрес, алкохол, пушење, одреден вид на храна).
Налгесин С е вистинско решение за тензиска главоболка
Пациентите генерално добро реагираат на лекови против болка и затоа ретко посетуваат лекар и сами ја третираат главоболката.
При акутна тензиска главоболка, нестеродните анти-инфламаторни лекови (НСАИЛ) како Налгесин С се поефикасни отколку ацетилсалицилна киселина и парацетамол.
Вообичаената доза е 1 таблета на секои 8-12 часа. Во случај на посилна болка, може да земете 2 таблети Налгесин С одеднаш или втората таблета еден час по првата. По потреба, по 8-12 часа земете уште 1 таблета.
Повеќе информации за Налгесин С можете да најдете тука.
Кога да посетите лекар
Тензиската главоболка ретко укажува на посериозна состојба.
Потребно е да посетите лекар доколку:
- Имате некоја друга состојба освен главоболка;
- Главоболката продолжува и покрај тоа што сте зеле лек против болка;
- Главоболката ве спречува да ги извршувате секојдневните активности и поради тоа често отсуствувате од работа.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.