Забоболката често се појавува и брзо исчезнува, но понекогаш трае подолго или се појавува во интервали.

  • Многу пациенти се соочуваат со забоболка.
  • Чувството на болка понекогаш е посилно навечер, или кога јадете или пиете нешто жешко или студено.
  • Болката што ја чувствувате во забите може да се рашири и на лицето и на вилицата.
  • Понекогаш е придружена со оток, промени во расположението и зголемена телесна температура.

Расипани заби е најчеста причина за забоболка

Забоболката е поврзана со воспаление на нервот, што е предизвикано од кариес, кој не е третиран на време.

Други причини за забоболка

  1. скршен или оштетен заб
  2. непломбиран заб или оштетена пломба
  3. ретракција на гингива
  4. воспаление на заб или вилица
  5. дентални протези
  6. гребење на забите
  7. воспаление на синуси кое може да се доживее како забоболка

Посета на стоматолог

Посета на стоматолог

Потребно е да посетите стоматолог, бидејќи тој е единствениот кој може да открие што ја предизвикува болката. Задолжително посетете стоматолог доколку болката е силна и доколку се појави оток, промена во расположение и покачена телесна температура.

Налгесин С е вистинско решение против забоболка

Доколку чувствувате забоболка, веднаш посетете го вашиот стоматолог. За да спречите болката да стане премногу силна земете Налгесин С.

брзо ја намалува болката

Налгесин С содржи напроксен (во форма на натриумова сол), кој брзо се раствора и брзо ја намалува болката.

долготрајно дејство

Налгесин С има долготрајно дејство, што значи дека е доволно да земете еднаш на секои 8 или 12 часа.

го намалува воспалението

Налгесин С исто така го намалува воспалението, поради што се препорачува за стоматолошки интервенции и при оштетување на забите и гингивата.

Вообичаената доза е 1 таблета на секои 8-12 часа. Во случај на посилна болка, може да земете 2 таблети Налгесин С одеднаш или втората таблета еден час по првата. По 8-12 часа земете уште 1 таблета.

Повеќе информации за Налгесин С можете да најдете тука.

Налгесин С

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.