Болките во зглобовите обично се минливи и не оставаат несакани ефекти откако ќе се отстрани причината.

Болката во зглобовите најчесто е предизвикана од зглобно оштетување поради истегнување и преголема физичка активност.

Најчесто се засегнати големите зглобови, како што се колковите и колената, спортски повреди, како на пр. падови и удари, обично предизвикуваат болка во рамо и лакт.

Долготрајната болка во зглобовите обично е предизвикана од дегенеративни ревматски состојби (артритис, артроза). Возраста, повредата и оштетувањето на зглобната 'рскавица, како и генетските фактори придонесуваат за нејзиниот почеток.

Болката обично е предизвикана од дегенеративна промена надвор од зглобот. Овие проблеми се карактеризираат со болка во мускулните тетиви кои се прикачени на бутната коска, рамото или лактот. Тие вообичаено се резултат на повреда при работа или вежбање.

Истегнување и оштетување на зглобот вообичаено предизвикува болка во колено

Овој тип на болка е најчест кај спортистите каде што притисокот врз коленото е најголем (на пример, тркачи, скијачи, велосипедисти, фудбалери итн.).

Други причини:

  • оштетување, трошење и дегенеративни промени во зглобната ‘рскавица,
  • рамно стопало,
  • прекумерна тежина.

Што можете да сторите доколку имате болки во колената

одмор и мирување

Одмор и мирување може да бидат корисни доколку повредата е мала.

студени облоги и/или масажа со мраз

Доколку чувствувате притисок, прекинете ја активноста која го причинува. Болката можете да ја намалите со студени облоги и/или масажа со мраз. Можете да продолжите со вашите активности откако болката ќе исчезне.

masaža in topli obkladki

Масажа и топли облогисе препорачуваат во случај на дегенеративна промена. Може да го олесните притисокот на вашето колено со намалување на вишокот килограми. Подоцна, препорачливо е да вклучите физичка активност, со којашто ќе се зајакнат зглобните мускули и ќе се зголеми цврстината и флексибилноста на зглобот.

Преголем притисок е најчеста причина за болка во лактот

поради притисок тетивите и ‘рскавицата на зглобот

Поради притисок тетивите и ‘рскавицата на зглобот отекуваат и предизвикуваат болка, што е вообичаено кај работници и спортисти.

воспаление

Болката во лактот исто така може да биде причинета поради воспаление, инфекција, истегнување или оштетување на зглобот (артроза).

Што можете да сторите доколку страдате од болка во лактот

да се олади и масира болното место

Прекинете ја активноста која ја предизвикува болката. Обично е доволно да се олади и масира болното место неколку пати на ден.

активности

По одморот практикувајте активности за да го зацврстите оштетеното ткиво. Постепено да зголемувајте ја тежината на вежбите.

Налгесин С е вистинско решение при болка во зглобовите

Доколку чувствувате силна болка во зглобовите, земете Налгесин С навреме за да ја намалите. Доколку терапијата ја земете навреме, ја намалувате можноста подоцна да ви биде потребна поголема доза.

брзо ја намалува болката

Налгесин С содржи напроксен (во форма на натриумова сол), кој брзо се раствора и брзо ја намалува болката.

долготрајно дејство

Налгесин С има долготрајно дејство, што значи дека е доволно да земете еднаш на секои 8 или 12 часа. Ова е важно кога имате болка во зглобовите, бидејќи во овој случај терапијата обично е подолга. Долготрајното дејство на Налгесин С овозможува мирен сон без болка во текот на ноќта.

противвоспалително дејство

Исто така има и противвоспалително дејство, што е особено важно при болка во зглобовите.

Вообичаената доза е 1 таблета на секои 8-12 часа. Во случај на посилна болка, може да земете 2 таблети Налгесин С одеднаш или втората таблета еден час по првата. По 8-12 часа земете уште 1 таблета.

Повеќе информации за Налгесин С можете да најдете тука.

Налгесин С

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.