Природното оштетување со текот на времето најчесто предизвикува болка во големите зглобови кои носат тежина, на пример колковите и колената. Таквите промени предизвикуваат и болка во грбот. Понекогаш болката што ја чувствувате во зглобот е предизвикана од дегенеративна промена надвор од него, во ткивото околку зглобот.
Овие проблеми се пропратени со болка во мускулните тетиви прицврстени на бутната коска, рамењата и мускулите прицврстени на лактот, која често се јавува како резултат на физички напор при работа или спортување. Овој тип на болка е различен од болката предизвикана од воспаление. Кога зглобот е истрошен (артроза), болката се јавува само кога се движиме; кога одмораме се намалува или исчезнува. Воспалениот зглоб пак е болен и во мирување, а болката се влошува при движење; често е топол на допир.
Воспалението во зглобовите обично резултира со силна болка. Сепак, не при секоја болка во зглобовите има потреба од итна медицинска помош, често пати може да си помогнете и сами.
Како да се ослободите од болката во зглобовите?
При лесна до умерена болка, се препорачува вежба која ги зајакнува сите мускулни групи и ја подобрува кардиоваскуларната состојба. Погодна е и за воспалени зглобови. Доколку имате прекумерна тежина и страдате од артроза на колкот или коленото, препорачливо е да се намали тежината, бидејќи тоа ќе ја намали болката во зглобовите. Во некои случаи, на пример, кога зглобовите на колкот се олабавени, може да се користат еластични шини (ортози), бидејќи тие ја подобруваат стабилноста на зглобот. При понапредно оштетување, личната нега и одредени специјални додатоци за чешлање, отворање шишиња, закопчување, облекување кондури итн., може да ви помогнат при секојдневните активности. Краткотрајно може да ја намалите болката со ладење на болното место неколку пати на ден со гел за ладење во вреќичка (“криопак”). Исто така потребно е да го промените режимот на исхрана – ограничете го внесот на незаситени масти, избегнувајте храна која предизвикува алергиски реакции, внесувајте храна со низок гликемичен индекс (живина, морска риба, свежо овошје, зеленчук).
Лековите против болка се неопходни
Нестероидните анти-инфламаторни лекови се доволни за ублажување на блага болка, но кога болката е тешка, потребна е целосна терапија. Овие лекови донекаде ја намалуваат болката во воспалените зглобови при ревматоиден артритис, но не доволно за значително подобрување на квалитетот на живот. За таа цел се потребни лекови кои имаат влијание врз имунолошкиот систем благодарение на кои воспалението значително се намалува или дури елиминира.
Прочитајте исто така Важноста на противвоспалителното дејство
Природното оштетување со текот на времето најчесто предизвикува болка во големите зглобови кои носат тежина, на пример колковите и колената. Таквите промени предизвикуваат и болка во грбот.
При лесна до умерена болка, се препорачува вежба која ги зајакнува сите мускулни групи и ја подобрува кардиоваскуларната состојба. Погодна е и за воспалени зглобови.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.