Мигрената е честа, повторувачка и главоболка со најсилен интензитет.
Околу 12% од возрасните имаат мигрена. Механизмот на настанување сè уште е релативно слабо познат.
6 факти за мигрена
1.
Мигрената ги погодува три пати повеќе жените отколку мажите.
2.
25–40
Најчесто се јавува на возраст помеѓу 25 и 40 години; 90% од пациентите го доживуваат нивниот прв напад пред да наполнат 40 години. Кај 70% од пациентите мигрената е честа појава во семејството.
3.
Постојат две форми на мигрена - со аура и без аура.
4.
аура
Терминот аура вообичаено се однесува на симптоми кои се јавуваат 15 до 60 минути пред моменталната мигрена.
5.
Околу 25% од пациентите кои страдаат од мигрена, исто така, се соочуваат со симптоми на аура:
- визуелни проблеми (трепкачки светла, цик-цак линии…);
- вкочанетост во вратот, рамењата и екстремитетите;
- проблеми со рамнотежа и координација;
- проблеми со говорот.
6.
Симптомите на мигрена без аура обично се јавуваат кога се појавува мигрената и исчезнуваат кога болката се намалува. Најчесто тие се:
- гадење кое може да биде проследено со повраќање;
- зголемена чувствителност на светлина, звук или мирис, или комбинација.
Причини за мигрена
1. Намалено ниво на серотонин во мозокот
Експертите веруваат дека мигрената е предизвикана од хемиска нерамнотежа во мозокот. Нивото на серотонин, кој е невротрансмитер, се намалува, што предизвикува ненадејно намалување на мозочните крвни садови. Ова може да предизвика симптоми на аура, што наскоро ќе следи проширување на крвните садови - претпоставена причина за главоболка.
2. Промени во нивото на хормони
За мигрената се вели дека е тесно поврзана со нивото на хормони во телото. Одредени жени почесто страдаат од мигрена за време на нивниот циклус (менструална мигрена). Се верува дека токму поради хормонските промени повеќе жените страдаат од мигрена отколку мажите.
3. Други фактори поврзани со мигрена
- емоционален (на пример, стрес, вознемиреност, напнатост, шок)
- физички (на пример, замор, лош сон, лошо држење на телото)
- поврзан со исхрана (на пример, недостаток на храна, дехидрација, алкохол)
- поврзан со животната средина (на пример, силна светлина, трепкачки светла, гласен звук)
- медицински (одредени лекови)
Како да направите разлика помеѓу мигрена и тензиска главоболка
- Мигренозната болка вообичаено се јавува на едната страна и може да трае од 4 до 72 часа.
- Може да биде придружена со гадење и повраќање и се влошува со движење.
- Може да биде придружена со аура.
Повеќе информации за тензиска главоболка можете да најдете тука.
Што можете да сторите пред да земете лек против болка
Ставете ќесичка со мраз или притиснете со прстите на челото.
Одморете во мирно и темно место.
Избегнете ги факторите кои предизвикуваат мигрена:
- бучава, силен мирис, трепкачки светла, прескокнување на оброците;
- физички и ментален стрес;
- одреден вид на храна, особено храна што содржи тирамин (црвено вино, сирење), фенилаланин (вештачки засладувачи), натриум глутамат (азиска храна), кофеин (кафе, чај, итн.) и теобромин (чоколада).
Налгесин С е вистинско решение против блага до умерена мигрена
Земете Налгесин С што е можно порано, по можност кога ќе забележите први знаци на мигренозен напад. Ова ќе спречи болката да се зголеми и ќе избегнете земање на поголема доза (повеќе таблети).
На почетокот може да земете 2 таблети Налгесин С одеднаш или во период од 1 час. По 8-12 часа земете уште една таблета.
Доколку мигренозниот напад може да се предвиди, на пример за време на циклус, земете Налгесин С два дена претходно и за време на циклусот. Превентивната терапија е оправдана доколку страдате од два до три мигренозни напади месечно и кога главоболката не поминува и покрај лековите против болка. Превентивниот третман не треба да трае повеќе од 6 месеци и мора да биде контролиран од страна на лекар.
Повеќе информации за Налгесин С можете да најдете тука.
Кога да посетите лекар
Мигрената ретко укажува на потешка состојба. Се препорачува да посетите лекар доколку:
- имате некоја друга состојба освен главоболка;
- главоболката продолжува и покрај земањето на лекови против болка;
- главоболката ве спречува во извршување на секојдневни активности и поради истата често отсуствувате од работа.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.