Ефикасно намалената болка го подобрува квалитетот на животот. Доколку болката не се третира, со текот на времето може да стане хронична.
Кога акутната болка станува хронична?
Хроничната болка предизвикува страдање и води до бројни последици кои може да ги избегнете.
Доколку предолго време ја одложувате терапијата, ризикувате да развиете хронична болка која е потешко да се третира во споредба со акутната болка. Прашањето кога болката станува хронична е тема за која постојат различни мислења. Најголемиот дел на експерти веруваат дека хроничната болка трае од 3 до 6 месеци, додека пак други сметаат дека тој период изнесува 12 месеци. Понекогаш потребни се неколку месеци за да се открие болката и да се отстрани причината. Фантомската болка е најстариот јасен пример за тоа кога болката не исчезнува, дури и да ја отстраниме нејзината причина; во овој случај пациентот чијшто екстремитет бил ампутиран сепак доживува болка. Во последно време хроничната болка се помалку и помалку е дефинирана со временски мерки а сè повеќе и повеќе како вид на болка која трае подолго од очекуваното.
Прочитајте исто така Како да ја разберете болката
Болката влијае врз квалитетот на живот
Хроничната болка често ги спречува луѓето да работат, што доведува до помал приход и до страв за нивната иднина. Честопати болката ги одвојува од семејството и пријателите, поради што се затвораат во себе и доживуваат депресија, разочарување и огорченост. Во овој случај велиме дека не само телото е болно, туку и душата.
Болката влијае врз спиењето, го зголемува заморот, ја намалува физичката активност и ги влошува навиките за јадење. Сето ова води до нарушен имунолошки систем, влошено физичко и ментално здравје, а со тоа и намалување на квалитетот на животот. Може да се каже дека хроничната болка е економски и социјален проблем кој влијае на личноста како целина.
Прочитајте исто така Зошто е важно навреме да ѝ кажете НЕ на болката
Интересен факт
Податоците од различна литература покажуваат дека 19% од Европејците страдаат од хронична болка.
Доколку предолго време ја одложувате терапијата, ризикувате да развиете хронична болка која е потешко да се третира во споредба со акутната болка.
Хроничната болка често ги спречува луѓето да работат, што доведува до помал приход и до страв за нивната иднина.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.