Околу 80% од луѓето барем еднаш во животот доживуваат акутна болка во долниот дел на грбот, која вообичаено трае две до три недели. Болката во долниот дел на грбот најчесто се јавува како резултат на повреди предизвикани од кревање на тешки предмети, брзи и незгодни движења или стрес кој предизвикува напнатост во мускулите на грбот и може да предизвика или да ја влоши болката во долниот дел на грбот.
Кога болката во грбот е краткотрајна и слаба, обично не треба да посетувате лекар. Ако можете целосно да го движите грбот, треба да правите што е можно повеќе редовни дневни физички активности.
Исто така, се препорачуваат вежби со корисен ефект врз долниот дел на грбот.. Погледнете ги нашите видеа на кои се прикажани вежби кои беа подготвени во соработка со физијатар и физиотерапевти од Терме Крка (Долењске Топлице).
Основни вежби за грбот
Овие вежби се наменети за лица со болки во долниот дел на грбот, предизвикани од повреда, операција, дегенеративни промени, како и за сите оние кои сакаат да ја спречат болката во долниот дел на грбот. Овие вежби треба да ги правите барем пет пати неделно, најмалку 20 минути на ден. Погледнете го видеото.
l7BgXp9IeAI
Вежби за активна пауза во канцеларија
Овие вежби се наменети за лица кои на работа се воглавно во седечка положба. Препорачуваме да одвоите време за активна паузана работното место, со цел да ги опуштите и зајакнете мускулите со едноставни вежби и при тоа да се спречи појавата на болка во грбот. Погледнете го видеото.
zA8UftLDb7A
Сите вежби на едно место
Практичен материјал со основни вежби за грбот и релаксирачки позиции за олеснување на силната болка во грбот. Кликнете овде ако сакате да ја отпечатите брошурата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не сите вежби се погодни за секого. Консултирајте се со вашиот лекар, физијатар или физиотерапевт за тоа кои вежби се соодветни за вас. Ако почувствувате силна болка која не поминува после една до две недели, болка предизвикана од пад, удар или сообраќајна несреќа или болка придружена со вкочанетост во нозете и намалена сила во мускулите на нозете, побарајте совет од вашиот лекар.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.