Веројатно имате денови полни со активности, штом завршите една, веднаш почнувате друга, па не е чудо што понекогаш имате главоболка. Модерната наука го потврди овој факт - прекумерната работа, недостатокот на сон и прескокнување на оброците може да доведат до блага главоболка.
Точната причина за овој тип на главоболка сè уште не е позната, иако знаеме кои околности и состојби можат да ја активираат. Најновите истражувања покажуваат дека болката започнува од поттикнувачките точки во мускулите во главата и вратот.
Стресот предизвикува рекација во телото при која сите мускули се контрахираат, дури и оние на врвот на главата. Различни типови на храна, активност или други стрес фактори можат исто така да придонесат да се појави притисок мускулите на главата и вратот. Некои луѓе може да страдаат од главоболка поради лошото држење на телото, работа на компјутер или долго возење. Други фактори кои ја поттикнуваат болката може да бидат консумирање на алкохол, напрегнување на очите, замор, пушење и емоционален стрес.
Од овој тип на главоболка може да се ослободите со помош на сè што ги релаксира мускулите на главата и вратот. Јога, медитација и длабоко вдишување се покажале како ефикасни начини за превенција и ослободување од болка. Редовните јога вежби со медитација го намалуваат срцевото отчукување, со што се намалува крвниот притисок. Тоа помага да имате повеќе енергија, да се чувствувате помалку заморни и помалку под стрес, да спиете подобро и како резултат на тоа да се чувствувате подобро.
Постојат и други начини за да си помогнете себеси: ставете студени влажни облоги или коцки мраз замотани во пешкир на вратот или челото, тоа ќе ги смири рецепторите за болка и ќе ја ублажи болката. Масажата исто така е корисна, бидејќи ги релаксира мускулите и ја намалува тензијата. Покрај техниките за релаксација, главоболката исто така може да се намали и со редовна физичка активност, особено на отворено.
Одмор не се препорачува при главоболка предизвикана од стрес, бидејќи нема да помогне да се намали болката.. Одмор се препорачува при мигрена, која претставува форма на главоболка со најголем интензитет и која само се влошува со физичка активност.
Ако овие мерки не ви помагаат или болката е премногу силна, треба да земете лек против болка.
Прочитајте исто така Зошто е важно навреме да ѝ кажете НЕ на болката
Стресот предизвикува рекација во телото при која сите мускули се контрахираат, дури и оние на врвот на главата.
Одмор не се препорачува при главоболка предизвикана од стрес, бидејќи нема да помогне да се намали болката.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.