Забоболката исто така спаѓа во болка со силен интензитет. Може и да се спореди со акутната состојба -камен во жолчка. Иако стравот од болка е најчеста причина поради кој луѓето не одат навреме на стоматолог, одложувањето на посетата на стоматолог може да им многу полоши последици.

Најчеста причина за забоболка е воспаление на забниот нерв поради расипување на забите. Доколку не се третира навреме, кариесот го нагризува забот до тој степен што бактериите го достигнуваат нервот и предизвикуваат воспаление.

Како и кај другите воспаленија, се јавува оток и голема болка која започнува со пецкање. Болката понекогаш исчезнува или се појавува и исчезнува во интервали. Ова обично значи дека забот е расипан речиси до нервот. Токму поради интервалите кога нема болка луѓето ја одложуваат посетата на стоматолог.

Додека болката е сè уште поднослива или се појавува во текот на ноќта или во текот на викендот, може да се обидете да ја намалите со домашни лекови. Се смета дека каранфилчето може да биде корисно, како и парчиња компир на болен заб или студена компресија на образот, итн. Токму оваа разновидност на домашни лекови укажува дека не постои вистинска ефикасност. Можете да пробате нешто што потенцијално би можело да биде корисно, бидејќи понекогаш е потребно подолго време за да добиете професионална помош.

Доколку имате забоболка навечер и нема стоматолог близу вас, аналгетици и НСАИЛ најмногу ќе ви помогнат. Тие ќе ја намалат болката додека да посетите стоматолог, кој ќе ја отстрани причината за болка. Бидејќи овие лекови ја намалуваат болката и воспалението, не се препорачуваат единствено за забоболка, туку и за различни видови на повреди како и при орални хируршки интервенции. Тие се многу ефикасни веќе со единечна доза.

Прочитајте исто така Важноста на противвоспалително дејство

Кај големо акутно воспаление, особено ако се зафатени неколку заби, аналгетиците нема да помогнат, затоа веднаш посетете стоматолог, дури и во текот на ноќта.

Најчеста причина за забоболка е воспаление на забниот нерв поради расипување на забите.

Пецкањето на забите може да биде сериозен знак

Болката понекогаш исчезнува или се појавува и исчезнува во интервали. Ова обично значи дека забот е расипан речиси до нервот.

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.