д-р Ева Боштјанчич, психолог д-р Ева Боштјанчич, психолог

Најголемиот дел од нас кои сега сме во нашите триесетти, четириесетти или педесетти сме биле воспитувани да бидеме “добри”. Тоа значи да ги слушаме другите, да не кажуваме што навистина мислиме, единствено да се насмевнеме и да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е. Како Словенци сме воспитани во тој дух, да го прегриземе јазикот и да си мислиме дека добрите нешта им се случуваат на оние кои чекаат. Во однос на работата, исто така треба да почекаме, да ја прифатиме онаква каква што е, да мислиме дека среќата, релаксирањето и постигнувањето на нашите цели ќе се случи само по себе. Овој менталитет исто така се однесува и на нашите врски, навики или болка која е причинета од одредена здравствена состојба.

Можеби претерувам, но честопати во текот на животот нашите соработници, пријатели и најблиски нè водат во таа насока, по патот којшто нашите родители ни го трасирале и кој е типичен за нашата нација.

Да земеме пример од работното место. Работливи сме, организирани, фер и секогаш подготвени да помогнеме и токму тоа му се допаѓа на нашиот шеф. Тој или таа секогаш нè повикува кога се појавува потешка задача, каде што од нас се очекува да делуваме одговорно. И дури кога ќе стане збор за групен проект, нашиот шеф нè одбира нам, знае дека нема да поставуваме дополнителни прашања или дека нема да даваме изговори. Ова води кон премногу работа, не одговорена електронска пошта, додека нашите редовни работни задачи стануваат сè побројни. Секој ден сме се поизморени, огорчени, под стрес и во лошо расположение. Чувствуваме одговорност, бидејќи не знаеме или не сакаме да кажеме НЕ.

Всушност велењето НЕ не е толку едноставно како кога го пишуваме или кога читаме за него. Првото нешто што треба да го направите е да го почувствувате и препознаете чувството на нелагодност, измаменост и тогаш да преземете нешто во врска со тоа. Да кажете НЕ исто така значи да можете да им ја објасните вашата ситуација и вашите чувства на другите на јасен и разбирлив начин.

Првото нешто што треба да се запрашате е тоа кои се вашите граници кога станува збор за преземање дополнителни обврски. Сите сме со различен капацитет, различна енергија и различно здравствено ниво, на различен начин се справуваме со стресот, поради што различно делуваме во иста ситуација. За да избегнете преголем товар, замор и притисок, потребно е да ги знаете вашите граници кога станува збор за работното место и врските. Да кажете НЕ значи дека знаете да поставите граница со вас самите и за другите.

Прво треба да се погрижите за самите себеси и да кажете НЕ на новите обврски во вашата агенда. Денот има само 24 часа и треба да биде поделен помеѓу работа, социјализација и одмор. Доколку часевите кои се наменети за работа надвладејат над другите делови од денот и доколку тоа се случува премногу често, може долгорочно да доведе до синдром на прегорување. За среќа компјутерите не го познаваат терминот "додади нов час".

Дефинитивно треба навреме да кажете НЕ на вашиот шеф. Ова значи да не чекате до последен момент кога задачата треба да е завршена или кога се чувствувате дека ќе колабирате пред сите обврски. Кога ќе сфатите дека сте го достигнале вашиот лимит и гледате дека вашиот шеф влегува во вашата канцеларија со нова обврска, треба да му/ѝ кажете дека немате време или дека ќе треба да одложите една од вашите моментални обврски за подоцна. На вашиот шеф можете да му покажете листа со проекти на кои моментално работите.

Треба да бидете јасни за вашиот напредок во работата. Кажувањето НЕ не значи дека ќе ја отфрлите задачата. Пред да конечно да ја одбиете, задолжително јасно соопштете ги работните предизвици и информирајте го вашиот шеф за чекорите што ги презедовте и оние кои ќе ги преземете. Информирањето на вашиот шеф за моменталната состојба на нештата ќе ви помогне да одржите контакт со него. Ова ќе ви помогне да ги одредите приоритетите помеѓу работните задачи, како и да останете на врвот на очекуваните цели и рокови.

Дефинитивно не чекајте додека да бидете пренатрупани со работа, што на крајот ќе заврши со синдром на прегорување или друга состојба. Дејствувајте денес, дејствувајте за утре. За нов и здрав работен ден.

Всушност велењето НЕ не е толку едноставно како кога го пишуваме или кога читаме за него. Првото нешто што треба да го направите е да го почувствувате и препознаете чувството на нелагодност, измаменост и тогаш да преземете нешто во врска со тоа.

Зошто не знаеме да кажеме НЕ на работното место?

Да кажете НЕ значи дека знаете да поставите граница со вас самите и за другите.

Дознајте како кажувањето НЕ може да ви помогне да си ја подобрите целокупната состојба.

Зборот НЕ има поголем ефект на вашето физичко и ментално здравје отколку што мислите.
Откријте зошто е важно да кажете НЕ почесто без притоа да чувствувате вина.

Повеќе статии

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.