Познавам успешен, средовечен директор. Исклучително успешен, во што ме уверија и неговите колеги. Дозволете ми да ви го опишам. Тој има универзитетско образование по математика, уште како студент се издвојувал благодарение на неговата луцидност и креативни идеи, а исто така и со неговите напредни прашања на кои професорот немал секогаш подготвено одговор. Денес управува со финансиска компанија која брои 40 вработени. Компанијата е успешна, но вработените не се задоволни. Зошто е тоа така? Директорот ја управува компанијата на свој начин. Како психолог кај него забележав недостаток на емоционална интелигенција и емпатија, а исто така лошо развиени социјални вештини, без разлика дали станува збор за деловни или секојдневни активности. Неговите вработени се чувствуваат сè повеќе и повеќе фрустрирани, понекогаш дури и моментално парализирани, а нивната посветеност кон работата се намалува.
Што кога не можете да издржите повеќе
Приказната започна пред шест месеци кога директорот за човечки ресурси ме повика за помош. Мојата улога како надворешен советник беше да пронајдам решение за ситуацијата која се чинеше очајна. Директорот за човечки ресурси наброја вистински примери кои негативно го карактеризираат директорот - на пример практикантка ја напуштила неговата канцеларија во солзи затоа што не сакал да ѝ одобри една недела одмор за нејзината свадба, често се слушаат викотници од неговата канцеларија, идеите на вработените често се занемарени, директорот ги гледа своите вработени единствено како делови во својата финансиска машина, а не како поединци со сопствени потреби, желби и навики. Исто така, ми беше кажано дека имало мал број на пријавени кои аплицирале за најновото слободно работното место во неговата компанија. За време на интервјуата, директорот за човечки ресурси дознава дека лошата организациска атмосфера е причината за лошиот одзив, која е директно поврзана со односот на директорот кон вработените. Ситуацијата беше прилично лоша и бараше итна акција.
Постои потреба за промена
Го информирав директорот за човечки ресурси дека е потребно да побара од извршниот директор да се промени, знаејќи дека е секогаш е полесно нештото да се каже отколку да се реализира. Како некој може да го промени сопственото однесување без да е свесен колку истото е штетно за неговата компанија и неговите вработени.
Познавањето на сопствените недостатоци и слаби страни е првиот чекор за остварување на саканата промена во иднина.
Дали навистина е тешко да се биде свесен за сопствените недостатоци?
Секој од нас треба убаво да се погледне во огледало. Само кога навистина ќе погледнеме колку акни има на нашето лице или колку сме неуредни, можеме да направиме нешто во врска со тоа. Единствено кога ќе станеме свесни за нашите особини кои им пречат на другите (на пример, премногу енергично реагирање кога нашиот тим губи, рамнодушност за време на состаноците) може да почнеме да се менуваме. Кога ќе ги идентификуваме нашите лоши навики (на пример, доцниме на состаноци, не одговараме на е-пошта), потребно е да присуствуваме на работилница каде ќе ни се помогне да ги промениме нештата. Клучот е да се биде свесен за сопствените грешки. Познавањето на нашите силни и слаби страни, ќе ни помогне да бидеме попродуктивни и да сфатиме што нè спречува во истото, ќе ни помогне да станеме свесни за она што другите го знаат, но ние (сè уште) не (на пример постојано гледам надолу во моето деколте додека говорам, користам одредени зборови во речиси секоја реченица).
Подигање на свеста - тоа е клучот
На училиште не нè учат како да бидеме свесни. Можеби ќе почнеме да стануваме свесни за нашите квалитети низ разговор со нашите родители, подоцна со нашиот партнер, на работното место додека водиме конструктивна дебата, итн. Се чини едноставно, но тоа не е секогаш случај. Дали сакате другите да ви велат дека сте мрзеливи, дека имате непријатен мирис, дека се сметате себеси за најинтелигентни и со тоа ги иритирате другите, дека вашите идеи за отпимизирање на работата не се многу добри? Веројатно не.
Критика или пофалба
Програмирани сме подобро да прифатиме пофалба од критика. Преферираме да разговараме за позитивни нешта отколку за она што ни предизвикува страв, тага, одбивност или анксиозност. Но како да станеме свесни за нештата кои сакаме да ги промениме?
Најлесниот начин е да научиме да земаме сè во обзир, и пофалбите и критиките. Понекогаш е добра идеја сè да забележиме (не само она што посакуваме да го слушнеме).
Патот до решението е познат - свест, мотивација, промена
И како заврши таа приказна за директорот од Љубљана? Директорот за човечки ресурси го покани неколку пати на ручек и се обиде да разговара на тема - промена. Тој слушаше, но не разбра. Предложив да користи техника која им е позната на директорите – да користи вистински податоци, графикони, табели, факти итн.
Беше употребен 360 степени метод кој вклучува испрашување на подредените, надредените, колегите и лицето за кое станува збор, за да се оцени неговиот или нејзиниот лидерски дух. Резултатот подразбираше графикон кој е комбинација од оцени од различни лица, по што било очигледно дека засегнатото лице имало целосно различна претстава за себе во споредба со сите во неговото опкружување.
Откако директорот видел со сопствени очи дека постои огромна разлика од тоа како тој самиот се доживува и како другите го доживуваат, тој ѝ кажа:
"Ох! Ви благодарам што ми ја покажавте вистинската слика. Што треба сега да сторам кога знам дека моите вработени сметаат дека одредени аспекти од моето однесување не се охрабрувачки?
Го посоветува да посети психолог кој би му помогнал, преку индивидуални состаноци, за да се отвори - директорот започнал се повеќе и повеќе да се отвора, станал покомуникативен, толерантен и како резултат на тоа порелаксиран.
Еден ден неговите вработени започнале меѓусебно да разговараат: “Мора да е заљубен!” Но што и да размислувале, неговата промена била навистина очигледна и неговата релација со вработените е многу подобра денес.
Познавањето на сопствените недостатоци и слаби страни е првиот чекор за остварување на саканата промена во иднина.
Можеби ќе почнеме да стануваме свесни за нашите квалитети низ разговор со нашите родители, подоцна со нашиот партнер, на работното место додека водиме конструктивна дебата, итн. Се чини едноставно, но тоа не е секогаш случај.
Дознајте како кажувањето НЕ може да ви помогне да си ја подобрите целокупната состојба.
Зборот НЕ има поголем ефект на вашето физичко и ментално здравје отколку што мислите.
Откријте зошто е важно да кажете НЕ почесто без притоа да чувствувате вина.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.