д-р Ева Боштјанчич, психолог д-р Ева Боштјанчич, психолог

Тоа е тој период од месецот, повторно. Се чувствував под стрес цела недела, со дизбалансирани хормони, телото го прави своето. Чувствувам сè што се случува во моето тело, чувствувам напнатост, непријатност, вознемиреност, страдање и понекогаш размислувам зошто тоа ми се случува секој месец. Болката во моето тело која се појавува првиот ден од мојот циклус почнува да се намалува на третиот ден или кога ќе земам лек против болка, кој за жал, не секогаш помага.

Откако го консултирав мојот гинеколог, сфатив што треба да сторам – потребно е да го земам лекот против болка навреме, односно кога првпат се појавува болката, на пример кога забележувам дека нешто поразлично се случува во мојот вообичаен пред и по менструален период. Кога телото станува напнато и болката се развива од нешто непријатно, како пијанисимо во музика, до крешендо, сè додека да стане премногу силна во форма на фортисимо. Се сетив на советот на мојот гинеколог и се вратив дома. Но, на крајот од месецот вообичаената рутина на моето тело повторно напаѓа. Првиот дел од симфонијата почнува да свири, без јас да можам да диригирам или да го диктирам темпото. Напнатост, иритабилност, болка во долниот дел од абдоменот, пропратено со главоболка, негативни мисли и болка... и само тогаш земам аналгетик.

Љубовта кон твоето тело е како твојата љубов кон музиката

Како што диригентот ги води професионалните музичари низ повисоки и пониски скали, низ остри и благи ноти сè до крајот, на истиот начин и вие можете да се погрижите за вашето тело.

Вие сте тие кои најдобро го познавате вашето тело, секоја нота од композицијата. Бидејќи се сакаме себеси и си го слушаме нашето тело, дали е во состојба на баланс и свири блага песна или рок или фанки песна која нè тера да се смееме.

Менување на навиките

  • Всушност, не ни се потребни многу зборови за да ги промениме навиките. Не ни е потребно другите луѓе да ни кажуваат што да правиме и поради нив да се чувствуваме виновни. Можеби единствено ни е потребно нивното охрабрување кога нашата внатрешна мотивација почнува да се губи. Доволно е да ни кажат: "За некој ден треба да имаш циклус? Се сеќаваш што треба да направиш за болката да не се зголеми, така?"
  • Кога сакаме да го промениме нашето однесување, не треба да наоѓаме изговори или да даваме објаснувања. Кога сте се одлучиле да ѝ кажете НЕ на болката која е пропратна за време на циклусот, јасно и недвосмислено сте го кажале тоа НЕ. Треба да кажете: "Не сакам да ја доживеам болката што ја доживеав минатиот месец. Не сакам да изгубам контрола и би сакала да ги извршувам моите вообичаени активности дури и кога ќе се чувствувам најлошо."
  • Pri korakih, ki sledijo na poti do spremembe, besede niso tako pomembne, kot je pomembno naše vedenje. Na začetku, ko se na spremembo še navajamo, si lahko nastavimo opomnik, da ne pozabimo na tabletko. Ko je cikla konec, se lotimo analize, ali nam je pravočasno vzeta tabletka pomagala in nam je olajšala tiste dni ali pa nismo zaznale nobene spremembe.
  • Зборовите не се исто важни како и дејствувањето кога станува збор за чекорите што ќе ве доведат до саканата промена. На почетокот кога сè уште се навикнувате на промената, ставете си потсетник да земете аналгетик. Откако вашиот циклус ќе заврши, анализирајте и проверете дали земањето на аналгетик навреме ви помогнало и ви ги олеснило овие тешки денови или не сте забележале никаква промена. На патот кон промената најголемиот мотиватор е искуството. Какво било искуство, добро или лошо, врз основа на кое можете да го промените вашето однесување, да го прилагодите или целосно да го напуштите. Доколку земањето на аналгетик не го постигнало својот ефект, што значи дека болката се зголемила, понатаму можете да го земете дури и порано. Доколку земањето на аналгетик на првиот ден од вашиот циклус ви помогнало и ви ја намалило болката, можете истото да го примените наредниот месец.

Не запаѓајте во замка поради вашите уверувања. Бидете активни играчи во вашите животи и земете го диригентското стапче во ваши раце – за вашето тело да може да ја отсвири најубавата симфонија. Колку добро ќе биде оркестрирана оваа симфонија зависи единствено од вас.

Зборовите не се исто важни како и дејствувањето кога станува збор за чекорите што ќе ве доведат до саканата промена.

Симфонијата на менструацијата и зошто навреме не кажеме НЕ

На патот кон промената најголемиот мотиватор е искуството. Какво било искуство, добро или лошо, врз основа на кое можете да го промените вашето однесување, да го прилагодите или целосно да го напуштите.

Дознајте како кажувањето НЕ може да ви помогне да си ја подобрите целокупната состојба.

Зборот НЕ има поголем ефект на вашето физичко и ментално здравје отколку што мислите.
Откријте зошто е важно да кажете НЕ почесто без притоа да чувствувате вина.

Повеќе статии

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.