д-р Ева Боштјанчич, психолог д-р Ева Боштјанчич, психолог

Дали некогаш сте размислувале за тоа? Дали често размислувате на таа тема? И дали навистина сте направиле промена? Не многу, нели? Најчесто такви мисли ни доаѓаат околку Нова Година или пред важен настан – свадба, работна промена, одмор или здравствени проблеми. Прекинуваме да размислуваме и импулсивно велиме: "Да, морам да променам нешто. Денес вртам нов лист". Правите план, ги прегледувате етапите и посакувате нештата да бидат поразлични од сега па натаму. Но често работите тргнуваат во лоша насока. Зошто?

Кој било може да ни влијае на различни начини, но за навистина да направиме промена, потребно е да направиме нешто самите

Нашите лични карактеристики и нашето однесување се развиваат во текот на животот. Кога се раѓаме имаме одредени карактеристики кои генетски ни се пренесени од нашите родители; подоцна ни влијае околината, нашето воспитување, нашето семејство. На училиште ги набљудуваме нашите соученици, ги имаме учителите како пример или како прва инстанца на авторитет. Кога тргнуваме на училиште, пријателите играат клучна улога во нашиот личен развој. Растеме и се развиваме кога учиме нова материја, која ни се допаѓа или кога имаме хоби.

Кога растеме, промените во нашиот живот најчесто се диктирани од нашите пријатели, партнери и колеги. Нашето однесување исто така е под влијание од пошироката социјална средина, дури и политичката и економската состојба во државата. Честопати барајќи промена, одиме во книжарница или библиотека и земаме книги за самопомош кои мислиме дека ни се потребни. Понекогаш сакаме да потрошиме многу пари за да направиме промена - да купиме подобар автомобил, да се ослободиме од брчките, да купиме нови чевли или одлучуваме да не доцниме повеќе.

Промената бара мотивација

Мотивацијата има влијание врз нашето однесување и промените кои ги правиме во нашите навики, верувања и пороци. Татко кој одбива да даде надоместок доколку оцените на детето не се добри може да послужи како пример за добар мотиватор. Или мајка која не го прегрнува своето дете навечер доколку детето не ги средило своите играчки.

Во тинејџерските години нè води однесувањето на друштвото - Сакам да свирам на пијано исто толку добро како мојот најдобар другар, сакам да имам уредни книги како другарот до мене, сакам да учам кинески за да можам да се запишам на универзитет во Виена, итн.

Можеби забележавте, пример со изучување на нов јазик за да можеме да го постигнеме она што го сакаме. И овој тип на мотивација е клучен за да направиме промена.

Тоа е комплексно прашање

Нашата личност и однесување се базирани на генетика, влијание од нашето непосредно опкружување (семејство) и пошироката околина (пријатели, познаници, колеги) и нашата само-иницијатива. Важно е колку енергија сакаме да вложиме.

Сега да разговараме за вистински пример. Ако сте во четириесеттите години, вашето однесување е веќе развиено; тоа е оформено во текот на годините низ бројни ситуации и врз основа на надворешни награди, на пример пофалба од родител, провокативен изглед од вашиот партнер, диплома, унапредување итн. и внатрешна мотивација (задоволство поради стекнување диплома, успешно подготвување на оброк, губење на неколку вишок килограми). И сега би сакале да го промените своето однесување. Можеби би сакале да присуствувате на работилница, да прочитате познат прирачник за самопомош, или можеби да го сторите тоа читајќи ја оваа статија. Можеби некој некаде успеа да го постигне овој подвиг за краток период, но обично овој пат за промена на личноста е подолг, потежок и има повеќе свиоци.

Рецепт за промена на навика

Не постои едноставен рецепт кој може да се примени во сите ситуации. Но, овој рецепт се однесува на секого - вистинската количина на животна енергија, желба за промена, упорност и држење до тој став, како и добро расположение - не можете да погрешите! Обидете се денес!

П.С. Овој рецепт е повторувачки (лат. receparatur), бидејќи патот кон промената се смета за хронична болест, а не хронична состојба.

Кога растеме, промените во нашиот живот најчесто се диктирани од нашите пријатели, партнери и колеги. Нашето однесување исто така е под влијание од пошироката социјална средина, дури и политичката и економската состојба во државата.

Посакувам промена ...

Мотивацијата има влијание врз нашето однесување и промените кои ги правиме во нашите навики, верувања и пороци.

Дознајте како кажувањето НЕ може да ви помогне да си ја подобрите целокупната состојба.

Зборот НЕ има поголем ефект на вашето физичко и ментално здравје отколку што мислите.
Откријте зошто е важно да кажете НЕ почесто без притоа да чувствувате вина.

Повеќе статии

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.