д-р Ева Боштјанчич, психолог д-р Ева Боштјанчич, психолог

Утро е. Во моите раце држам шолја кафе и го пишувам ова. Кафето го подготвувам секој ден кога другите ќе заминат. Ја земам мојата проѕирна шолја, ја набљудувам кафената течност и сите нејзини нијанси, како се мешаат со топлото млеко на врвот... Потоа заминувам на работа, на состанок на кој повторно сите ќе бидеме послужени со кафе од машина, но сеедно. Со шеќер или црно - зависи од личноста. Потоа ќе одам на состанок со новиот деловен партнер во хотел во Љубљана. Ќе нарачам капучино, послужено со пенливо млеко и со форма на срце, како за на Instagram. Кога ќе се вратам, ќе ручам со моите соработници и ќе пијам бело кафе, иако италијанците силно се противат на пиење кафе со млеко по ручекот. И со тоа речиси завршува мојата дневна рутина со кафе. Можеби ќе пијам уште едно попладнето, ако случајно се сретнам со некој пријател или ако ми треба дополнителна енергија до 22 часот.

Кафето е дел од нашата култура, дел од нашите состаноци, озборувања, претставува поттик за разговор, а и со кафе го завршуваме оброкот. Тоа нè прави среќни, но исто така прави да изгубиме многу вода, витамини и минерали. Ни дава адреналин, но исто така ја исцрпува нашата енергија и сон.

Сите добри работи имаат крај. На пример, кога резултатите од испитувањата ќе пристигнат. Кога ни е дијагностициран висок крвен притисок. Во такви услови полесно е да кажеме НЕ на нашите лоши навики. Но тоа НЕ кое доаѓа од лекар или од резултат од испитување не е толку цврсто во споредба со НЕ кое си го велиме себеси. Понекогаш НЕ може да биде многу цврсто, и особено конзистентно, понекогаш помеко и не толку стабилно. Може да биде 100% или само 60%.

Бидејќи јас, исто така се борам со лоша навика, за која знам дека е лоша за моето тело и ум, си поставив неколку прашања.

Кога можам да започнам со намалување на бројот на кафиња кои ги пијам во текот на денот? Кога ќе бидам подготвен за тоа, секако не кога мој пријател ќе ме повика да излеземе или кога ќе го прочитам во некоја статија.

Кога можам да започнам со намалување на бројот на кафиња кои ги пијам во текот на денот? Прво треба да зебележам под кои околности нарачав кафе за себе а кога другите го нарачаа за мене. За да кажете НЕ на пријател е всушност лесно: "Ти благодарам, денес не сакам кафе. Би земал чај."

Како учтиво да кажете не на шефот кој ве кани на состанок и ви нуди кафе? За ова исто така постои едноставно решение: "Ви благодарам на поканата, би сакал да дојдам, но би пиел лимонада."

Пиењето на кафе е навика која не може лесно да се откаже. Намалување на дневниот внес на кафе може да доведе до појава на замор, главоболка, мускулна болка. Симптомите може да траат неколку недели.

Најтешкото прашање го оставам за крај.

Како да го заменам тоа убаво чувство кое го имам кога ќе помирисам кафе и кога ќе го вкусам? Нашето тело најпозитивно реагира на сон. Сонот ви помага да се чувствувате одморени и на тој начин нема веднаш да посегнете по кафе кога сте изморени. Можете да го замените кафето со поголеми количини на вода или други течности кои не се толку штетни за телото, како ѓумбир или чај од нане. Зелениот чај не е толку лоша замена.

Да кажете НЕ на дневниот внес на кафе е вистински предизвик за умот и телото. Намалување на внесот на кафе може да води до подобар сон, подобар фокус и исто така може да ви помогне да се чувствувате помалку под стрес.

Понекогаш НЕ може да биде многу цврсто, и особено конзистентно, понекогаш помеко и не толку стабилно. Може да биде 100% или само 60%.

Добро е почесто да велите НЕ. Особено на сите нијанси на кафена - кафе.

Да кажете НЕ на дневниот внес на кафе е вистински предизвик за умот и телото. Намалување на внесот на кафе може да води до подобар сон, подобар фокус и исто така може да ви помогне да се чувствувате помалку под стрес.

Дознајте како кажувањето НЕ може да ви помогне да си ја подобрите целокупната состојба.

Зборот НЕ има поголем ефект на вашето физичко и ментално здравје отколку што мислите.
Откријте зошто е важно да кажете НЕ почесто без притоа да чувствувате вина.

Повеќе статии

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.