Пред десет години беше невозможно да кажам на пример: Не знам како да го направам тоа, не можам повеќе да го правам тоа, доволно ми е. Секој пат кога ќе ми се наметнеше ваква ситуација кога можам да ги употребам овие реченици, наместо тоа јас велев: Да, секако, разбирам и ќе се погрижам за тоа. И потоа се преморував.
Да кажете НЕ значи да ја покажете вашата ранлива страна (не е вистина), недостаток на храброст, сила (не е вистина), откажување (не е вистина) или потчинување (не е вистина). Некои гледаат на зборот НЕ како на знак на агресија или неучтивост (што исто така не е вистина). Ова е вид на ситуација која никој не ја посакува. Освен тоа, луѓето околу нас очекуваат да бидеме љубезни, силни, храбри, задоволни и мотивирани.
Дали некогаш сте кажале: "Сакам да ви помогнам, но сум премногу зафатен?" Дали сте се набљудувале самите себеси? Се појавува чувство на вина, дури и само обвинување како резултат на тоа што сте кажале не? Дали и вие сте се почувствувале така, дури едноставно не сте можеле да престанете да размислувте за тоа?
Секогаш има три можности кои ви се достапни:
1. Кажувате да поради чувство на вина, што прави да се чувствувате беспомошно.
2. Кажувате не и како резултат на тоа се чувствувате лошо.
3. Кажувате не и сеуште се чувствувате добро со себе.
Понекогаш знаеме како да кажеме НЕ, но веднаш додаваме извинување: "Не, извини, не можам да ти помогнам, утре заминувам." Дали ова значи дека ќе можеме да му помогнеме на ова лице кога ќе се вратиме? Тивко НЕ е секогаш подобро отколку дипломатско ДА. Како јасно да кажете НЕ?
Еве неколку предлози за тоа како ефикасно да кажете НЕ:
- Кажете го гласно. Не вртите од околу, не измислувајте приказни, не барајте изговори и не се обидувајте да го заштитите другото лице. Кажете гласно и јасно НЕ кое ја отсликува вашата цврста позиција, која исто така може да ја објасните накратко. Колку помалку давате објаснување толку по ефикасно ќе биде вашето НЕ.
- Останете учтиви и самоуверени. Можете да одговорите на прашање, желба или барање на следниов начин: "Ви благодарам што ме поканивте, но бидејќи финансиски не сум во можност, нема да ви се придружам на ова патување". Таквиот одговор е сè уште учтив, бидејќи ја изразува вашата волја, вашите чувства и не ги уништува можностите за идна релација.
- Поставете граница. Кога детето сака уште еден сладолед, мајката се наоѓа во деликатна ситуација каде што е тешко да се постави граница. Секогаш е тешко да се постави граница во односот каде нема јасно дефинирани ограничувања, каде што нема јасна идеја за одговорност и авторитет. Многу е полесно да се каже НЕ кога ќе ја разберете динамиката на односот и вашата улога во него. Да се каже НЕ не значи дека ќе изгубите некого - тоа само значи дека ќе поставите јасна граница помеѓу вас и другата личност.
- Прашувајте. Кога ќе ви се зададе нова задача или кога ќе треба да донесете важна одлука, претставете ја својата идеја на друго лице и потоа поставете го следното прашање: "Како мислите дека треба да ги исполнам моите задачи?"
- Останете цврсто на вашиот став. Ако некој не може да го прифати вашето НЕ, ова обично значи дека другото лице не ве цени или вашата врска не е многу цврста. Држете се до вашите зборови и обидете се да се ослободите од чувството на вина.
- Бидете себични. Слушајте се самите себеси, не ги занемарувајте вашите потреби, согледајте што сакате самите - не слушајте што сака другиот.
Многу е полесно да кажете НЕ кога навистина го чувстувате тоа а не поради тоа што некој друг ви наметнал. Многу подобро ќе се чувствувате доколку тоа НЕ доаѓа одвнатре. Идеалната ситуација би била, се разбира, кога другото лице нема само да го слушне вашето НЕ туку и ќе го почитува. Обидете се!
Кажете го гласно. Не вртите од околу, не измислувајте приказни, не барајте изговори и не се обидувајте да го заштитите другото лице. Кажете гласно и јасно НЕ кое ја отсликува вашата цврста позиција, која исто така може да ја објасните накратко.
Многу е полесно да кажете НЕ кога навистина го чувстувате тоа а не поради тоа што некој друг ви наметнал. Многу подобро ќе се чувствувате доколку тоа НЕ доаѓа одвнатре. Идеалната ситуација би била, се разбира, кога другото лице нема само да го слушне вашето НЕ туку и ќе го почитува.
Дознајте како кажувањето НЕ може да ви помогне да си ја подобрите целокупната состојба.
Зборот НЕ има поголем ефект на вашето физичко и ментално здравје отколку што мислите.
Откријте зошто е важно да кажете НЕ почесто без притоа да чувствувате вина.
Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.