д-р Ева Боштјанчич, психолог д-р Ева Боштјанчич, психолог

Животот е тежок, комплексен, секогаш поставува предизвици пред нас - треба да умееме да го живееме. Нашите вредности, мислења, верувања и нашата личност постојано се менуваат. Многу е ретко да се зачува истото пријателство или партнерство за 30, 40 или повеќе години, затоа што вие и другото лице мора да се менувате со слично темпо.

Приказна за пријателство

Имам, или подобро, имав пријателка од детството. Бевме соученички, одевме заедно во здруженија и летни кампови и ме натера да за запишам во средно училиште за наставници. Ги озборувавме нашите соученици, кои беа првите кои носеа фармерки од Бенетон, се поддржувавме меѓусебно секој пат кога една од нас не успеваше на тестот по математика. Сонувавме за нашите идни семејства, за имињата на нашите деца, за нашето слободно време како почитувани сопруги, мајки, домаќинки, деловни жени и секогаш бевме најдобри пријателки. Продолживме на универзитетски студии – таа студираше економија додека јас психологија.

Тогаш почна животот и наместо две, станавме три, четири, пет... Јас се омажив, имав три деца, додека таа остана сама. Бараше партнер, на еден или на друг начин, но никоја од врските не ѝ успеа. Таа доби работа во јавна администрација додека јас станав претприемач кој секогаш се грижеше да врзе крај со крај и се грижеше за финансии.

Продолживме да се гледаме редовно, еднаш неделно на кафе, иако нашите разговори започнаа да се менуваат во согласност со промените во нашите животи. Како идна мајка сакав да разговарам за мојата бременост, но таа не беше толку заинтересирана. Подоцна сакав да разговарам за моите стравови како мајка, очекувајќи го моето второ дете, прашувајќи се дали би можела да сакам две беспомошни суштества; Чувствував дека не сум доволно разбрана од нејзина страна. Започнав со градинарство, додека таа започна да трча на маратони, нешто што воопшто не можев да го разберам. Се чинеше дека немавме заеднички теми на разговор. Потоа бев бремена со моето трето дете. Без разлика дали е планирано или не, тоа навистина не прави разлика. Таа постојано ми велеше дека навистина не ми било потребно тоа, дека мојот живот веќе бил доволно тежок и комплексен, дека нашето пријателство не е она што било порано - се согласив само со овој последен дел.

И кажав НЕ. Кажав не на пријателката од детството. Нашите патишта одеа во ист правец долги години, понекогаш се разидуваа, но дефинитивно се разидоа откако наполнивме 35 години. Неколку дена пред да се случи тоа, не можев да спијам, се прашував дали треба да го продолжам пријателството со неа, со оглед дека не ме утешуваше доволно, ја немав истата поддршка како порано. Така што, се одлучив да кажам НЕ на пријателството кое ми ја трошеше енергијата, и повеќе не ја очекував со нетрпение нашата средба.

Динамика на пријателство

Нашето пријателство следи форма на тријаголник или форма на повратна врска. Бихевиорален поттикнувач е потреба за социјализирање, кога жената има потреба од некого со кого ќе може да разговара или мажот има потреба да поразговара со некого за машки работи итн. Нашите телефонски разговори, состаноци на кафе или чаша вино, социјализирање за време на спортски настани, итн. се типови на однесување придружени со емоции. Задоволство, среќа, хумор, сите за нас претставуваат еден вид на награда, додека пак тензијата, непријателството, разочарувањето (ако ги доживееме во голема мера) претставуваат казна, односно незадоволство. Ако поминуваме квалитетно време во друштво на пријател, повратната врска е позитивна и очекуваме следен состанок. Ако тоа не е случај, дефинитивно треба да направите нешто во врска со тоа. Кажете стоп, кажете НЕ.

Комфорната зона ни дава 'комфор'

Сакаме да опстојуваме во нешто што ни е познато - бидејќи ни дава чувство на психолошка сигурност. Едноставно е и ни прави да се чувствуваме комфорно, не треба да вложуваме дополнителна енергија и чувствуваме дека тоа е правилното нешто. Но, тоа не е секогаш случај. Единствено совршените работи се такви - совршена музика, совршени имагинарни суштества, можеби и совршени пријатели. Но, кога еднаш ќе ги запознаеме подобро (во непланирана ситуација, за време на криза, под стрес), сфаќаме дека никој не е совршен и дека сите ние имаме свои добри и лоши страни, вредности кои се различни и гледишта кои не можеме да ги игнорираме.

Да кажеме НЕ е тешко

Секаков вид на однесување може да се промени и покрај тоа што бара енергија, волја, мотивација - бара силна желба за промена. Ние обично имаме тенденција да вложуваме енергија во нешто кое сметаме дека ќе се исплати, во кое што можеме да го замислиме идниот резултат и некаква корист за себе. Доколку нема волја, доколку нема доволно енергија, тогаш промената сигурно нема да се случи. И тогаш има луѓе околу нас кои судат единствено врз основа на она што можат да го видат, а не врз основа на она што навистина се случува во нашите животи.

Кажи НЕ и задржи го тој став

Кога се одлучив да направам промена, односно да ја прекинам врската со пријателката, исто така одлучив да избегнувам секаков контакт со неа. Но, како може да не притиснам “одговори” кога го гледам нејзиното име на телефонот или да не ѝ пишам порака за да ја прашам за стручно мислење или да ѝ кажам дека сум изгубила уште повеќе килограми? Во овој случај, треба внимателност – кога мислам на неа, се обидувам да останам во тој момент. Се набљудувам себеси односно како се чувствувам – дали чувствувам напнатост, замор, можеби страв?

Какво е моето дишење (дали е длабоко, дали не е длабоко, дали е брзо или дали го заборавив? Што се случува со моите мисли (дали мислам на пријател но сакам да ги поттиснам мислите, да побегнам од нив?)

За да ја одржиме промената, мора да бидеме љубопитни кога се набљудуваме себеси. Потребно е да се набљудуваме себеси, да ги откриеме сопствените длабочини, да бидеме свесни за моментот. Треба да се ослободиме од старите модели на однесување кои ни предизвикуваат страв и да живееме во сегашноста, тука и сега. Да кажеме НЕ на сè што нè оптоварува, нѐ задушува, ја исцрпува нашата енергија, на навиките од кои сакаме да се ослободиме. Животот е долг, богат и доволно интересен. Добро е што се познавате себеси и имате доволно време да се промените. Единствено треба навистина да имате желба да направите некаква промена.

Сакаме да опстојуваме во нешто што ни е познато - бидејќи ни дава чувство на психолошка сигурност. Едноставно е и ни прави да се чувствуваме комфорно, не треба да вложуваме дополнителна енергија и чувствуваме дека тоа е правилното нешто. Но, тоа не е секогаш случај.

НЕ и приказна за пријателство

Да кажеме НЕ на сè што нè оптоварува, нѐ задушува, ја исцрпува нашата енергија, на навиките од кои сакаме да се ослободиме.

НЕ и приказна за пријателство

Дознајте како кажувањето НЕ може да ви помогне да си ја подобрите целокупната состојба.

Зборот НЕ има поголем ефект на вашето физичко и ментално здравје отколку што мислите.
Откријте зошто е важно да кажете НЕ почесто без притоа да чувствувате вина.

Повеќе статии

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.