1

Недостаток на доверба.

Довербата е основа на секоја врска. Доколку нема доверба, секоја постапка е доведена во прашање, посесивноста и љубомората, можеби дури и агресијата, доаѓаат во прв план. Дали навистина сакате да продолжите во таков однос?

Недостаток на доверба.

2

Вашите вредности се разликуваат.

Вредностите ги дефинираат нашите дневни приоритети. Секој има свој сопствен поглед на светот, затоа е потребно да направите одредени компромиси. Кога не може да се постигне компромис а се појавуваат конфликти, прекинете ја врската.

Вашите вредности се разликуваат.

3

Растејќи се оддалечувате.

Последната фаза од која било врска е кога ќе сфатите колку сте се оддалечиле. Можеби делите неколку спомени, чувства, но вашите идеали, соништа и очекувања ви се разидуваат со текот на времето. Дали сакате да одржите ваков тип на врска?

Растејќи се оддалечувате.

4

Нема повеќе забава.

За да одржувате одреден баланс во врската исто така треба и да се забавувате. Доколку времето поминато заедно станало рутина и наместо да се чувствувате релаксирани вие чувствувате одредена обврска, дошло време да тргнете по различни патишта.

Нема повеќе забава.

5

Вие сте поинаква личност кога тој / таа е наоколу.

Дали вашите пријатели забележуваат ненадејна промена во вашето однесување кога тој / таа е во близина? Дали се менувате од комуникативна, насмеана личност во здодевна личност? Дали чувствувате извесен степен на неодобрување кога ќе ги покажете вашите вистински особини?

Вие сте поинаква личност кога тој / таа е наоколу.

6

Секогаш чувствувате дека не правите доволно.

За речиси сè што правите ќе добиете негативна забелешка или имате чувство на неодобрување. Што и да направите, не можете да ги задоволите очекувањата на вашиот партнер. Зарем не е доволно тешко да треба постојано да се докажувате секој ден?

Секогаш чувствувате  дека не правите доволно.

7

Помислата за брак ви прави да се чувствувате непријатно.

Можеби помислата на двајцата кои завршуваат заедно засекогаш ви дава чудно задушувачко чувство.

Помислата за брак ви прави да се чувствувате непријатно.

Дознајте како кажувањето НЕ може да ви помогне да си ја подобрите целокупната состојба.

Зборот НЕ има поголем ефект на вашето физичко и ментално здравје отколку што мислите.
Откријте зошто е важно да кажете НЕ почесто без притоа да чувствувате вина.

Повеќе статии

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.