1

Пушење

Подобра кожа, подобро дишење, поздрави бели дробови, нема повеќе кашлање ... Дали треба да продолжиме?

Пушење

2

Закуски

Бонбони на работа, колачиња по ручекот, чипс додека гледате телевизија, закуска додека работите доцна навечер. Дали големината на вашиот костим за капење е единствената мотивација да се откажете од закуски?

Закуски

3

Гризење на нокти

Не станува збор толку за навика, колку што е индикација за одредена психолошка состојба. Доколку започнете да обрнувате внимание на она што всушност го предизвикува гризењето на ноктите, може да ви биде полесно да ја прекинете оваа навика.

Гризење на нокти

4

Доцнење

Ако постојано доцните, другите можеби мислат дека не ви се важни или дека сте многу неорганизирани. Дали тоа е впечатокот кој сакате да го оставите?

Доцнење

5

Конзумирање голема количина на алкохол

Викендите се резервирани за дружење со вашите пријатели. Можеби неколку пијалоци може да го подобрат вашето моментално расположение, но што е со утрешниот ден? Дали навистина нема забава без алкохол?

Конзумирање голема количина на алкохол

6

Не доволна физичка активност

Кога пријателите ве канат да одите на кафе, наместо тоа предложете прошетка. Сè е полесно кога е споделено, дали е така?

Не доволна физичка активност

7

Преголема употреба на телефон и гледање телевизија

Дали често го држите далечинското во една рака а телефонот во друга? Премногу гледање во екран не само што е лошо во физичка смисла, туку може и да влијае и на вашата психолошка состојба. Кога ќе биде доволно?

Преголема употреба на телефон и гледање телевизија

8

Се грижите за мислењето на другите

Дали навистина мислите дека луѓето немаат ништо друго да кажат доколку работите ги правите поинаку? Колку побрзо го прифатите овој факт толку подобро.

Се грижите за мислењето на другите

9

Премногу сончање

Откако сонцето конечно ќе се појави по месеци лошо време, можеби имате преголема желба да излезете и да фатите некој зрак сонце на вашата кожа. Целодневно сончање може да остави повеќе негативни последици отколку кратко сончање.

Премногу сончање

10

Недостаток на сон

Раздразливост, лоша концентрација, нарушен имунолошки систем и листата продолжува и продолжува. Кога ќе почнете сериозно да го сфаќате сонот?

Недостаток на сон

Дознајте како кажувањето НЕ може да ви помогне да си ја подобрите целокупната состојба.

Зборот НЕ има поголем ефект на вашето физичко и ментално здравје отколку што мислите.
Откријте зошто е важно да кажете НЕ почесто без притоа да чувствувате вина.

Повеќе статии

Предупредување
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.