Која е разликата помеѓу Налгесин С и другите аналгетици?

Налгесин С содржи напроксен во облик на натриумова сол која брзо се раствора и брзо ја ублажува болката. Исто така, напроксен има долг полу-живот, на што се должи неговото долготрајно дејство. Во бројни студии беше утврдено дека напроксен е најбезбедниот аналгетик од групата на нестероидни анти-инфламаторни лекови (НСАИЛ) за пациенти со кардиоваскуларни заболувања.

Табелата покажува споредба помеѓу активните супстанции. Сите податоци се однесуваат на вообичаените дози на активните супстанции кои се употребуваат за само-лекување.

 Напроксен натриум
(Налгесин С)
ИбупрофенАцетилсалицилна киселинаПарацетамол
Времетраење на дејство 8–12 часа 4–6 часа 6–8 часа 4–6 часа
Кој може да го зема лекот Возрасни и деца над 12 години Возрасни и деца над 12 години Возрасни и деца над 12 години Возрасни и деца над 12 години Деца на возраст од 6 до 12 години
Дозирање* 1 таблета на секои 8–12 часа,
почетната доза може двојно да се зголеми (2 таблети да се земат одеднаш или на растојание од 1 час)
1–2 таблети
на секои 4–6 часа
1–2 таблети
на секои 4–8 часа
1–2 таблети,
растојанието помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа
1/2 до 1 таблета,
растојанието помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа
Максимална дневна доза 3 таблети
(825 mg)
6 таблети
(1200 mg)
8 таблети
(4000 mg)
8 таблети
(4000 mg)
4 таблети
(2000 mg)
Начин на земање 2–3 пати дневно 4–6 пати дневно 3–6 пати дневно 4–6 пати дневно 4–6 пати дневно
Против-воспалително дејство Да Да Да Не

* се додека траат симптомите

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството.За ризикот и несаканите ефекти консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Налгесин С содржи напроксен натриум.