Против кои типови на болка е ефикасен Налгесин С?

Налгесин С има одличен ефект во третманот на главоболка, забоболка, менструална болка, болка во мускулите и зглобовите и болка поврзана со настинка и грип. Поради неговото против-воспалително дејство, ефикасен е и во ублажување на благи болки при ревматски заболувања.

Налгесин С е наменет за третман на блага до умерена акутна соматска болка. Ако болката е силна, трае повеќе од 3 дена или потекнува од внатрешните органи, треба да побарате совет од лекар.

Дали Налгесин С се препорачува за третман на главоболка и мигрена?

Налгесин С брзо и ефикасно ја ублажува главоболката. Ја спречува и олеснува благата до умерено тешка мигрена ако се земе при појава на првите знаци на напад на мигрена.

Од која возраст се препорачува употреба на Налгесин С за третман на менструална болка?

Налгесин С се препорачува кај возрасни жени и девојчиња постари од 12 години. Поради неговата ефикасност во олеснување на менструалната болка, се препорачува кај девојчиња со менструални болки и грчеви.

Како се зема Налгесин С?

Вообичаена доза е 1 таблета. Почетната доза може двојно да се зголеми и да земете 2 таблети одеднаш или пак да ја земете втората таблета по 1 час.

Налгесин С има долготрајно дејство, па затоа втората доза треба да се земе по 8 до 12 часа. Лицата постари од 65 години треба да го земаат овој лек на интервали од 12 часа.

Максимална дневна доза е 3 таблети.

Кои се најчести интеракции со други лекови?

Истовремената употреба со други лекови може да го зголеми или намали ефектот на Налгесин С или на другите лекови, како што се:

  • други лекови за ублажување на болка 
  • лекови за спречување на згрутчувањето на крвта 
  • лекови за третман на шеќерна болест
  • лекови за третман на епилепсија
  • лекови за третман на висок крвен притисок
  • лекови за третман на ментални заболувања 
  • лекови кои го намалуваат имуниот одговор
  • лекови за третман на малигни заболувања 

Може ли Налгесин С да се употребува истовремено со други лекови за ублажување на болка?

Поради можноста за интеракции, не се препорачува употреба на Налгесин С заедно со други лекови за ублажување на болка.

Може ли да настанат несакани дејства при употреба на повисоки дози за третман на силна болка?

Налгесин С е наменет за третман на блага до умерена акутна соматска болка. Ако болката е силна, не се препорачува употреба на повисоки дози. Во таков случај, се препорачува да одите на лекар.

Како и сите лекови, Налгесин С може да има несакани дејства, особено на дигестивниот систем и бубрезите. Појавата на несакани дејства зависи од дозата. За да го намалите ризикот за несакани дејства, се препорачува употреба на најниската ефикасна доза во најкраток можен период.

Може ли Налгесин С да се употребува за време на бременост и доење?

Доколку сте бремени или доите, консултирајте се со вашиот лекар пред да земете било каков лек. Не се препорачува употреба на Налгесин С за време на бременост. Налгесин С не треба да го земате во последните три месеци од бременоста.

Не се препорачува употреба на Налгесин С при доење, па затоа немојте да доите ако треба да земате Налгесин С.

Може ли да се развие зависност при употреба на Налгесин С?

Налгесин С припаѓа на групата на неопијатни аналгетици за кои е познато дека немаат седативно дејство, немаат влијание врз дишењето и имаат многу мал потенцијал за предизвикување на зависност.

Која е разликата помеѓу Налгесин С и другите аналгетици без рецепт?

Во споредба со другите аналгетици кои се достапни без рецепт во аптеките Налгесин С има подолготрајно дејство, па затоа следната таблета треба да ја земете по 8 до 12 часа (доколку е потребно). За да го намалите ризикот за несакани дејства, немојте да земате повеќе од 2 до 3 таблети дневно.

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството.За ризикот и несаканите ефекти консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Налгесин С содржи напроксен натриум.