Забоболка

  • 4 најчеста

    Четири најчести причини за забоболка се: забен кариес, механички повреди, хируршки интервенции и воспаление на усната празнина и параназалните шуплини (синуси).

Забоболката може да се појави само како остра болка кога забите ќе дојдат во допир со нешто ладно, топло, кисело или благо или пак може да се влоши до силна и постојана болка.

Понекогаш забоболката е придружена со отекување на заболеното место, непријатно чувство и покачена телесна температура.

Зошто настанува забоболката?

Најчеста причина за забоболка е забниот кариес. Други причини се:

  • механички повреди
  • хируршки интервенции
  • воспаление на усната шуплина и синусите 

При повреда и воспаление се зголемуваат воспалителните фактори што води до болка.

Ако имате забоболка

Забоболка

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството.За ризикот и несаканите ефекти консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Налгесин С содржи напроксен натриум.