• 1-3 недели

    Истегнување на лигаментите настанува поради ненадејна силна контракција или прекумерно истегнување на мускулот. При умерено тешко истегнување на лигаментите можна е вкочанетост на мускулите, болката е донекаде потешка и можна е појава на отоци и модринки. Болката може да трае од 1 до 3 недели.

Мускулната болка може да биде предизвикана од повреди и прекумерно истегнување или пак од настинка и грип. Овие состојби предизвикуваат ослободување на воспалителни фактори што води до појава на болка.

Истегнување на лигаментите – повреда или кинење на мускулот

Истегнување на лигаментите настанува поради ненадејна силна контракција или истегнување на мускулот. Постојат неколку типови на истегнување:

  • При благо истегнување, настанува вкочанетост на мускулите и болка која трае неколку дена. 
  • При умерено тешко истегнување, можна е вкочанетост на мускулите и појава на отоци и модринки. Болката може да трае 1 до 3 недели.
  • При тешко истегнување, настанува кинење на мускулот и крварење на повреденото место при што е потребна хируршка интервенција. 

Мускулната болка може да се ублажи со:

  • одморање и избегнување на активности кои ја влошуваат болката (ако болката е предизвикана од прекумерно истегнување)
  • прво топли, а потоа ладни облоги
  • умерена физичка активност
  • Налгесин С – брзо решение

Потребно е веднаш да го посетите вашиот лекар кога:

  • имате силна болка или отоци
  • се сомневате на кинење на мускулот 
  • имате покачена температура, отрпнатост или чувство на трнење
  • заболеното место е топло и црвено 
  • болката не исчезнува и покрај превземените мерки за само-лекување

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството.За ризикот и несаканите ефекти консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Налгесин С содржи напроксен натриум.