Менструална болка

  • 90 %

    Менструалната болка, која медицински се нарекува дисменореа, е најчест гинеколошки проблем бидејќи се јавува кај 90% од жените.

Од што е предизвикана менструалната болка?

Мускулните контракции на матката се неопходни за да го помогнат отстранувањето на обвивката на матката која е задебелена за време на менструалниот циклус. Ако мускулните контракции се премногу силни или премногу брзи, настанува привремен прекин на снабдувањето на матката со крв што води до недостаток на кислород. Поради недостаток на кислород се формираат супстанции кои ги надразнуваат нервните завршетоци и при тоа чувствуваме болка.

Менструалните грчеви и болката може да бидат придружени со гадење, повраќање, пролив и главоболка.

Менструалната болка може да се ублажи со:

  • употреба на топли перничиња за подобрување на циркулацијата на крвта 
  • спиење на грб со подигнати колена (перници под колената) 
  • Налгесин С – брзо решение

Потребно е веднаш да го посетите вашиот лекар при:

  • неправилни крварења помеѓу поединечни циклуси 
  • менструално крварење кое трае повеќе од 7 дена
  • стомачна болка и грчеви во периодот помеѓу поединечни менструални циклуси
  • силни грчеви за време на менструација

Менструална болка

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството.За ризикот и несаканите ефекти консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Налгесин С содржи напроксен натриум.