• 10 најчести

    Главоболката е една од десетте најчести симптоми поради кои пациентите одат на лекар.

Благата до умерена главоболка може да се ублажи со употреба на аналгетици кои се достапни во аптека без рецепт.

Потребно е веднаш да го посетите вашиот лекар при:

  • ненадејна силна главоболка 
  • покачена телесна температура, вкочанетост на вратот, болка во увото, кожен осип, конфузија, двојно гледање, зашеметеност, слабост, нарушена рамнотежа, отрпнатост или отежнат говор
  • силна главоболка проследена со инфекција на грлото или дишните патишта или ако болката се чувствува во делот на синусите 
  • повреда на главата

Тензиска главоболка

Дали сте знаеле?

  • Се јавува кај околу 9 од 10 случаи на главоболка
  • 75% од популацијата повремено страда од тензиска главоболка

Тензиската главоболка се чувствува како:

  • притисок околу главата
  • притисок во пределот на темето и челото
  • притисок на лицето и вратот

Болката вообичаено е блага или умерена и може да трае неколку часа.

Зошто настанува тензиска главоболка?

Настанува како последица на:

  • физички фактори (недоволно спиење, глад, мускулна напнатост, лошо држење на телото, оптоварување на очите, хормонски промени)
  • психолошки фактори (стрес, ментално напрегање, гнев, страв)
  • влијанија од околината (промени на временските услови, цигари, никотин, одредена храна – сирење, чоколадо, кромид, модар патлиџан, некои зачини, високо масна храна – и некои додатоци во исхраната)

Тензиската главоболка може да се ублажи со:

  • доволно спиење 
  • различни техники на релаксација 
  • масажа на вратот и рамениците
  • умерени вежби
  • топла бања или туш
  • избегнување на предизвикувачите на главоболка или мигрена 
  • Налгесин С – брзо решение

Мигрена

Дали сте знаеле?

10 до 20% од возрасните повремено страдаат од мигрена. Кај жените, тоа е два до три пати почест случај отколку кај мажите.

Мигренозната болка вообичаено е толку силна што ви оневозможува да ги изведувате секојдневните задачи. Најчесто болката е пулсирачка и настанува на едната страна од главата. Подоцна може да се прошири и на другата страна од главата. Главоболката се влошува при физичка активност или движење.

Пред да започне мигрената, околу 60% од пациентите чувствуваат таканаречени симптоми на предупредување (чувство на страв, депресија, еуфорија, раздразливост, замор, поспаност, дијареа, запек, вкочанет врат, жед и желба за храна).

Мигрената може да трае од неколку часа до неколку дена.

Мигрената често е придружена со:

  • преосетливост на светлина, звук или зачини 
  • гадење и повраќање

Кај 10 до 20% од пациентите постои аура која трае помалку од еден час. Тоа е невролошко нарушување кое предизвикува:

  • нарушувања на видот (точки во видното поле, појава на трепкави светла, точки или ѕвездички во видното поле) 
  • отрпнатост на усните, лицето и рацете 
  • нарушен говор
  • зуење во ушите

Која е причината поради која настанува мигрена?

Мигрената може да биде предизвикана од различни фактори:

  • изложеност на силна светлина или звук 
  • пушење
  • промени во временските услови 
  • хормонални промени кај жените (менструација, бременост, менопауза) 
  • недостаток на сон
  • стрес
  • некоја храна (чоколадо, сирење), некои додатоци во исхраната (нитрити, нитрати, натриум глутамат, аспартам), алкохол, кофеин и некои лекови

Што да направите при мигрена?

Ако имате блага до умерено тешка мигрена која не се јавува често, можете да ја лекувате со Налгесин С. Лекот треба да го земете веднаш штом ќе ги почувствувате првите знаци на мигренозен напад.

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството.За ризикот и несаканите ефекти консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Налгесин С содржи напроксен натриум.