Болка во зглобовите

  • 1

    Болката во коленото е најчест симптом поради кој спортистите одат на лекар. Втора по честота е болката во рамото.

Болката во зглобовите најчесто настанува поради повреди, прекумерен физички напор и ревматизам. Покрај болка, може да настанат и отоци на зглобовите и модринки во потешки случаи.

Изместување на лигаментот – кинење на лигаментите и надворешната обвивка на зглобот

Истегнување настанува како последица на нагло движење или движење во погрешна насока.
При благо до умерено истегнување, зглобот е осетлив и болката се јавува главно за време на движење. Може да се појави и благ оток. Умереното истегнување предизвикува чувство на нестабилност при оптоварување на зглобот.

При тешко истегнување, зглобот е болен и силно отечен и не може да поднесе тежина. Кожата на заболеното место е бледа и поради внатрешно крварење може да настане модринка. Истегнувањето тешко се разликува од скршеница и дислокација.

Што да направите при болка во зглобовите?

  • Кога болката во зглобовите настанала како последица на прекумерно истегнување, треба да одморате и да избегнувате активности кои можат да ја влошат болката. 
  • Ставете ладна облога на заболеното место за да спречите отекување на зглобот и формирање на модринка и да ја ублажите болката. Подоцна, затоплете го местото на повредата за да се зголеми протокот на крв во повреденото ткиво. На тој начин, се подобрува снабденоста со хранливи материи и кислород и се овозможува заздравување на ткивото. 
  • Правете ги вежбите кои што ви ги препорачал вашиот физиотерапевт. Тие го подобруваат крвотокот и овозможуваат излекување.
  • Намалувањето на прекумерната телесна тежина помага во ублажување на симптомите, ја подобрува подвижноста на зглобовите и има корисен ефект врз добрата општа состојба. 
  • Физичкото вежбање ги зајакнува мускулите и зглобовите и ја подобрува нивната подвижност. 
  • Аналгетикот (Налгесин С) може да биде многу ефикасен бидејќи истовремено ја намалува болката и го намалува воспалението.

Потребно е веднаш да го посетите вашиот лекар ако:

  • имате силна болка или отоци 
  • слушате звуци на крцкање во зглобот 
  • не можете да го движите или оптоварувате повредениот зглоб
  • се сомневате на можно кинење на мускулите или скршеница на коската
  • покрај болката имате и покачена температура, отрпнатост или трнење или пак ако заболеното место е топло и црвено
  • болката не исчезнува и покрај третманот

Болка во коленото

Дали сте знаеле?

Болката во коленото е најчест симптом поради кој спортистите одат на лекар. Втора по честота е болката во рамото.

Зглобот на коленото е составен од три дела: бутна коска, голема тибијална коска (потколеница) и капа на коленото. Поврзано е со бројни мускули и лигаменти. Кога коленото се движи, капата на коленото лизга низ површинскиот канал на бутната коска.

Најчести причини за болка во коленото се:

  • Истрошеност на капата на коленото и р’скавицата, што се јавува ако капата на коленото се измести и ја притиска бутната коска и р’скавицата измеѓу.
  • Артроза 
    Трошењето на зглобот е предизвикано од воспалителни фактори што води до појава на болка. 
  • Повреда на коленото (истегнување на мускулите и тетивите, истегнување на лигаментите/дислокации, кинење на лигаментите на коленото, повреди на р’скавицата на зглобот) 
    Повреда на ткивото предизвикува ослободување на воспалителни фактори што води до појава на болка. 
  • Воспаление на тетивите и капсулата на зглобот е предизвикано од прекумерно и повторено истегнување. Воспалението предизвикува ослободување на воспалителни фактори што води до појава на болка.

Некои други фактори кои може да влијаат на болката во коленото се:

  • Слабост на бутните мускули, што предизвикува нарушена рамнотежа на силите околу капата на коленото 
    Ако бутните мускули се слаби, околу капата на коленото може да настане нарушена рамнотежа на силите при што се нарушуваат структурите на коленото што предизвикува повреда.
  • Рамни стопала 
    Рамните стопала се причина за несоодветна положба на структурите на коленото што води до повреда на овие структури.
  • Прекумерна телесна тежина 
    Прекумерната телесна тежина го зголемува оптоварувањето на р’бетот што може да доведе до оштетување на ткивото. 

Болката во коленото може да се ублажи со:

  • одмор и избегнување на активности кои ја влошуваат болката (ако болката е предизвикана од прекумерно истегнување) 
  • прво ладни, потоа топли облоги 
  • намалување на прекумерната телесна тежина
  • умерена физичка активност
  • Налгесин С – брзо решение

Болка во лактот

Зглобот на лактот е составен од три коски, коската на надлактицата и двете коски на подлактицата.

Најчести причини за болка во лактот се:

  • Воспаление на тетивите во пределот каде што тетивата влегува во коската што вообичаено настанува поради прекумерни спортски активности. Воспалението предизвикува ослободување на воспалителни фактори што води до појава на болка.
  • Инфекција на зглобот 
    Воспалителните фактори се излачуваат како реакција на лекови кои предизвикуваат инфекции што води до појава на болка.
  • Истегнување на лигаментите 
    Повредата на ткивото предизвикува лачење на воспалителни фактори што води до појава на болка.
  • Ревматизам 
    При ревматизам, болката е предизвикана од воспаление (артритис) или истрошеност на зглобот (артроза). Се ослободуваат воспалителни фактори што води до појава на болка.

Болката во лактот може да се ублажи со:

  • одморање и избегнување на активности кои ја влошуваат болката (ако болката е предизвикана од прекумерно истегнување) 
  • прво ладни, потоа топли облоги 
  • умерена физичка активност
  • Налгесин С – брзо решение

Болка во рамото

Дали сте знаеле?

Болката во коленото е првиот, а болката во рамото е вториот најчест проблем поради кој спортистите одат на лекар.

Постојат повеќе причини за болка во рамото:

  • Повреди 
    Повредата предизвикува ослободување на воспалителни фактори што води до појава на болка.
  • Прекумерно истегнување 
    Прекумерното истегнување може да предизвика повреди на ткивото.
  • Ревматизам 
    Ревматската болка може да биде предизвикана од воспаление (артритис) или трошење на површината на зглобот (артроза).
  • Болка која се пренесува од други делови на телото (на пример, од вратот, главата, органите во градната или стомачната празнина) 

Болката во рамото и подвижноста на зглобот на рамото може да се влошат ако спиете на заболеното рамо, особено во текот на ноќта кога не сте свесни за тоа.

Болката во рамото може да се ублажи со:

  • одморање и избегнување на активности кои ја влошуваат болката (ако болката е предизвикана од прекумерно истегнување) 
  • прво топли, потоа ладни облоги
  • умерена физичка активност
  • Налгесин С – брзо решение

Болка во колкот

Најчеста причина за болката во колкот е артроза, кога се ослободуваат воспалителни фактори поради трошење на зглобот.

Болката во колкот може да се ублажи со:

  • одморање и избегнување на активности кои ја влошуваат болката (ако болката е предизвикана од прекумерно истегнување)
  • прво топли, потоа ладни облоги
  • намалување на прекумерната телесна тежина
  • Налгесин С – брзо решение

Ревматизам

Ревматизмот предизвикува болка во зглобовите, што најчесто е поврзано со дегенеративни промени (артроза) и ретко со воспаление (артритис). Ревматизмот се карактеризира со повеќе или помалку тешка вкочанетост на заболените делови од телото при што се отежнува движењето и често предизвикува оток и болка во зглобовите. Може да има неколку типови на ревматизам:

Артритис – воспаление на зглобот

Дали сте знаеле?

Ревматоидниот артритис најчесто се забележува кај луѓето на возраст од 30 до 50 години. Почест е кај жените отколку кај мажите.

Артритис претставува воспалително ревматско заболување. Тоа е автоимуна болест која се карактеризира со типичен оток на заболените зглобови, болка во зглобовите, осетливост и вкочанетост, обично наутро. Заболеното место вообичаено е топло и црвено. Со време, зглобовите може да станат целосно крути.

На почетокот, артритисот најчесто ги напаѓа малите зглобови (зглобовите на прстите на рацете и стопалата), а подоцна може да ги нападне и глуждовите, зглобовите на рацете, колената и лактите, а може да има влијание и врз други органи.

Артроза – трошење на р’скавицата на зглобот

Артрозата се развива со постепено трошење на р’скавицата на зглобот. Тоа е дегенеративна состојба која вообичено настанува како последица на возраста, но може и од прекумерно истегнување на зглобовите. Најчесто го напаѓа р’бетот, колковите и колената.

Со време, р’скавицата ја губи својата целина, почнува да се троши и постепено станува потенка или целосно исчезнува. Ова е проследено со зголемено формирање на коски и појава на коскени израстоци или остеофити. Оваа состојба предизвикува болка, особено при физички напор, утринска вкочанетост на зглобовите, вкочанетост по одмор и намалена подвижност.

Причините за појава на артроза се уште не се целосно разјаснети. Важна улога во развојот на оваа болест има стареењето, биомеханички стрес (што предизвикува оштетување на р’скавицата и соодветната коска), биохемиски промени на р’скавицата и капсулата на зглобот и генетски фактори.

Што да направите при ревматизам?

Прво лекарот ќе ви постави дијагноза и потоа ќе ви препише соодветен третман. Исто така, за успешен третман на оваа болест многу е важна едукацијата на пациентот и комплексен план за рехабилитација при што е потребна тимска работа помеѓу пациентот, фамилијарниот лекар, специјалистот и физиотерапевтот.

Како можете да си помогнете?

  • Избегнувајте непотребни движења на заболените зглобови. 
  • Вежбајте редовно заради:
    • намалување на прекумерната телесна тежина 
    • одржување на јачината на мускулите 
    • контрола на симптомите на болеста 
  • Избегнувајте физички активности кои предизвикуваат прекумерно оптоварување на зглобовите (тенис, трчање, планинарење). Се препорачува пливање, возење велосипед и кратки прошетки со повремени паузи.
  • Ако болката е блага, може да земете Налгесин С кој има против воспалително дејство и може да ви помогне.

Потребно е веднаш да го посетите вашиот лекар ако:

  • болката трае подолго и ви го нарушува движењето
  • чувствувате болка и при одмор 
  • забележувате оток на екстремитетите и кожата на отеченото место е црвена
  • имате чувство на трнење

Причини за болка во рачниот зглоб и глуждот

Најчести причини за болка во рачниот зглоб и глуждот се повреди и прекумерно истегнување што предизвикува ослободување на воспалителни фактори и како последица на тоа настанува болка. Овој тип на болка често се јавува кај ревматски заболувања, каде болката е предизвикана од воспаление и губиток на р’скавицата.

Болката во рачниот зглоб и глуждот може да се ублажи со:

  • одморање и избегнување на активности кои ја влошуваат болката (ако болката е предизвикана од прекумерно истегнување)
  • прво топли, а потоа ладни облоги
  • намалување на прекумерната телесна тежина
  • умерена физичка активност
  • Налгесин С – брзо решение

Болка во зглобовите

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството.За ризикот и несаканите ефекти консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Налгесин С содржи напроксен натриум.