• 80 %

    80% од возрасните луѓе почувствувале болка во грбот најмалку еднаш во животот.

Болката најчесто се чувствува во долниот дел од грбот, но може да се почувствува и по должината на целиот р’бет. Болката во вратниот дел на р’бетот често е предизвикана од вкочането држење на телото.

Болката во долниот дел на грбот (крстот) може повремено да се појави кај 25% од луѓето на возраст од 30 до 50 години, а честотата се зголемува со зголемување на возраста.

Болката во грбот вообичаено не е предизвикана од некоја сериозна состојба, туку од лошите навики (како што е лошото држење на телото). Често пати може да се влоши бидејќи не се справуваме со лошите навики доволно сериозно. Кај околу 5% од луѓето болката во грбот е заболување.

Болката во вратот најчесто е предизвикана од долготрајно истегнување во вратниот дел од р’бетот кое може да биде резултат на несоодветно држење на телото, лоша положба на телото при работа или постојана мускулна напнатост. Болката може да се прошири од вратот до рамењата.

Од што е предизвикана болката во грбот?

Акутната (краткотрајна) болка трае до шест недели и вообичаено е предизвикана од механички фактори како што се:

  • Лошо држење на телото, подолго седење или стоење во истата положба 
    Лошото држење на телото или постојаната мускулна напнатост предизвикува прекумерно истегнување на мускулите при што настанува болка. 
  • Истегнување на мускулите на грбот и лигаментите 
    Кога ткивото е повредено, тоа води до ослободување на воспалителни фактори кои се причинители на болката. 
  • Прекумерно вежбање 
    Прекумерната физичка активност може да доведе до оштетување на ткивото. Оштетувањето на ткивото предизвикува лачење на воспалителни фактори кои се причинители на болката. 
  • Прекумерна телесна тежина 
    Прекумерната телесна тежина прави дополнителен стрес на р’бетот. Ова може да доведе до оштетување на ткивото. 
  • Бременост 
    Истегнувањето на грбот се зголемува за време на бременост што може да доведе до оштетување на ткивото. 

Хроничната болка во крстот настанува при следните состојби:

  • Ревматски заболувања 
    Болката е предизвикана од воспаление (артритис) или трошење на р’скавицата на зглобот (артроза). Се ослободуваат воспалителни фактори кои предизвикуваат болка. 
  • Истрошеност или дислокација на спиналниот диск 
    Болката настанува кога спиналниот диск ќе излезе од неговата надворешна обвивка или ги притиска спиналните нерви. Болката е предизвикана и од воспалителните фактори. 
  • Стеснување на спиналниот канал (спинална стеноза) 
    Ако спиналниот канал е стеснет, болката може да настане поради притисок врз спиналните нерви. 
  • Остеопоротична скршеница 
    Болката е предизвикана од воспалителните фактори кои се ослободуваат кога ткивото е повредено. 
  • Заболувања на внатрешните органи и инфекции 
    Инфекциите и воспаленијата забележани при некои заболувања на внатрешните органи предизвикуваат ослободување на воспалителни фактори што води до појава на болка.

Како да ја ублажите болката во грбот?

Ако имате болка во грбот, немојте да одморате повеќе од еден до два дена. Важно е да бидете физички активни. Прекумерното одморање ги ослабнува мускулите и коските, па болката може да се влоши и затоа ќе ви биде потешко да продолжите со вашите секојдневни активности кога ќе ви биде подобро.

Болката во грбот може да се ублажи со:

  • одморање и избегнување на активности кои ја зголемуваат болката (кога болката е предизвикана од физички напор)
  • прво ладни, потоа топли облоги
  • намалување на прекумерната телесна тежина
  • умерена физичка активност
  • редовни вежби за истегнување и зајакнување на мускулите на грбот
  • масажа
  • Налгесин С – брзо решение

Потребно е веднаш да го посетите вашиот лекар кога болката во грбот е проследена со:

  • отежнато мокрење и ифрлање на измет
  • отрпнатост на екстремитетите, препоните или гениталиите 
  • нестабилност при исправено стоење и отежнато движење на нозете 
  • покачена температура 
  • губење на телесната тежина

Потребно е да го посетите вашиот лекар и ако:

  • болката се влошува или не исчезнува за 4 до 6 недели 
  • болката е многу силна, се јавува за време на одмор или ве буди од спиење

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството.За ризикот и несаканите ефекти консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Налгесин С содржи напроксен натриум.