Болката може да биде предупредувачки сигнал

Болката може да биде предупредувачки сигнал

Болката претставува одговор на човековото тело на болест или повреда. Иако болката е непријатно чувство, има одредена улога – таа е предупредувачки сигнал дека нешто не е во ред со нас. Кога чувствуваме болка, се трудиме да го избегнеме факторот кој ни ја предизвикува.

Секој човек реагира различно на болка. Чувството на болка зависи од тежината на повредата, како и од психофизичката состојба и подносливоста на болката.

Дали сте знаеле?

Болката предизвикана од некое заболување треба да се лекува, бидејќи лекувањето овозможува побрзо оздравување.

Што треба да знаете за болката

Постојат неколку типови на болка кои ги опишуваме на различни начини. Понекогаш имаме силна главоболка во предниот дел на главата која трае кратко време. Во други ситуации, настанува болка поради грчеви некаде во стомакот, но тешко е да се одреди каде точно боли. Повредите може да доведат и до болка во коленото. И може да набројуваме уште повеќе.

Каде ве боли?

Чувството на болка може да се појави во различни делови на телото. Соматската болка потекнува од надворешните делови на телото (кожата, мускулите и зглобовите), додека висцералната болка потекнува од внатрешните органи.

Колку долго ја имате болката?

Болката која трае кратко е класифицирана како акутна болка. Во повеќето случаи, таа е предизвикана од повреди или воспаление. Кога воспалението ќе се повлече или кога раната ќе се излечи, исчезнува и болката. Сепак, кога болката трае подолго, дури и кога причината веќе не постои, се работи за хронична болка.

Кои типови на болка може да се третираат со само-лекување?

Со само-лекување можете да лекувате блага до умерена акутна соматска болка.

Одберете начин кој најмногу ви одговара:

  • физиотерапија или киропрактика
  • масажа
  • акупунктура
  • справување со стрес
  • лекови
  • аналгетици

Може да пробате неколку различни можности за да откриете која ви одговара најмногу.

Кога да одите на лекар?

  • Ако имате тешка болка.
  • Ако имате акутна болка која трае повеќе од 10 дена. 
  • Ако имате и температура која трае повеќе од 3 дена. 
  • Ако не можете да откриете што ви ја предизвикува болката или ако имате висцерална болка (болка која потекнува од внатрешните органи).

Зошто е потребно добро да ја познавате болката?

Со следење на вашата болка, ќе можете подобро да ја запознаете и на тој начин можеби дури и да ја избегнувате. Исто така, вашиот лекар ќе се потруди да дознае повеќе за вашата болка со цел да ви препорача соодветен третман. За да го направите тоа, може да ви олесни ако водите дневник на болката.

Зошто боли?

Постојат повеќе причини зошто настанува болката:

  • заболувања, повреди, операција
  • притискање на нервите
  • оштетување на интегритетот на нервите (при повреда или операција)

Понекогаш причината е непозната.

Различни импулси (на пример, исеченици, скршеници на коските) водат до надразнување на рецепторите за болка. Импулсот се пренесува од овие рецептори преку нервните влакна до мозокот. Во тој момент чувствуваме болка.

На местото на надразнување, се ослободуваат локални воспалителни фактори. Тоа се молекули кои дополнително ги надразнуваат ноцицепторите. Во таков случај, болката се влошува. Некои фактори (на пример, простагландини) исто така учествуваат во појавата на болка и воспаление.

Кои лекови се употребуваат за ублажување на болка?

Лековите кои се употребуваат за ублажување на болка се нарекуваат аналгетици. Називот потекнува од грчкиот јазик и значи 'без болка'.

Постојат неколку видови на аналгетици. Достапни за само-лекување се само оние аналгетици кои се наменети за третман на блага до умерена болка и имаат ретки и благи несакани дејства.

Најчесто употребувани аналгетици за само-лекување се оние кои и припаѓаат на групата на нестероидни анти-инфламаторни лекови (НСАИЛ). Овие лекови ја ублажуваат болката (аналгетско дејство), ја намалуваат покачената температура (антипиретско дејство) и имаат против воспалително дејство.

Нестероидните анти-инфламаторни лекови го спречуваат формирањето на простагландини, односно молекулите кои се вклучени во различни процеси во клетката, вклучувајќи го и настанувањето на болка и воспаление.

Аналгетикот од Крка кој и припаѓа на групата на нестероидни анти-инфламаторни лекови е познат како Налгесин С кој има брзо и долготрајно дејство при различни типови на болка.

Погледнете ја споредбата помеѓу некои активни супстанции на аналгетиците тука.

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството.За ризикот и несаканите ефекти консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Налгесин С содржи напроксен натриум.